21:58 - 8 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Нов бран интензивни врнежи и заладување, проверете кога

– Како што најавивме, утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Особено во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски заладување на времето ќе има во вторник, кога врнежи ќе има на повеќе места и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и на повисоките места и на планините ќе преминуваат во снег. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец. Исто така, во вторник услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, додека максималните температури ќе бележат тенденција на значително опаѓање и истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени во најтоплите предели.

– Од среда па натаму ќе имаме постабилно и релативно суво време со сончеви периоди, но минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. И во Скопскиот регион утре времето ќе биде ппроменливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди, додека во вторник ќе има пад на температурите и поголеми услови за врнежи. Во вторник исто така ќе дува засилен ветер од северен правец. Утре максималната температура во Скопје ќе се искачи до околу 17 степени, додека во вторник значителноп ќе опадне и под 10 степени-заклучува Попоски.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....