11.8 C
Скопје
10:52 - 18 октомври, 2026

Превкусна шарена салата со киноа

Иако ова е рецепт за салата, нејзините состојки долго време ќе ве држат сити, па така овој рецепт можете да го искористите и како замена за ручек.

Потребни состојки:

– 100 гр киноа

– вода за варење на киноата

– 200 гр црвен грав од конзерва

– 100 гр ситна пченка од конзерва

– 1 домат

– 1 авокадо

– 7-8 листови зелена салата

Прелив
сол, маслиново масло, соја сос и малку јаболкова киселина

Подготовка:

Измерете ја киноата во филџан и ставете двојно вода во неа и префрлете ја во тенџерче да зоврие. Откако ќе зоврие, поклопете ја со капак и намалете ја темпераурата на минимум. Така да стои околу 15 минути.

Салатката ситно исечкајте ја, а доматот исечкајте го на мали коцки. Авокадото излупете го и исецкајте го на ситни коцки. Извадете и процедете ги гравот и пченката.

Сите состојки се мешаат заедно и се преливаат со преливот кој си го одредувате по ваш вкус.

Секако дека и соодносот на состојките за салатата не се фиксни и можи да си ги промените според ваша желба.

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....