30.8 C
Скопје
12:55 - 10 септември, 2026

Палачинки тортиљи полни витамини: Неверојатен оброк готов за 5 минути! (РЕЦЕПТ)

Комбинација од здрав зеленчук и наминирици ќе ви ја даде потребната доза на енергија…

Состојки:

– 4 големи тортиљи од интегрално или пченкарно брашно
– 200 грама виолетова зелка
– 1 морков
– 1 мала конзерва грав од 400 мл
– 1 зрело авокадо
– 50 грама изрендано сирење по желба
– 2 лажици јаболков оцет
– 1 лажица маслиново масло
– 1 млад кромид по желба
– 1 мала чили пиперка по желба
– сол
– бибер по желба

профимедиа

Подготовка:

– Изрендајте ја зелката и морковот, зачинете ги со јаболков оцет, маслиново масло, посолете и забиберете, па добро промешајте. Можете да додадете и малку свежи лути пиперчиња доколку сакате.
– Во друг сад со дробилка за компир соединете го варениот грав и авокадото.
– На смесата додадете изрендано сирење и кромид по желба.
– Намачкајте ја смесата на база на грав и авокадо преку целата тортиља, па додадете го зеленчукот.
– Повторете ја постапката четири пати.
– Замотајте ги тортиљите како палачинки.
– Пресечете ги на половина и послужете.

Слични објави

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Полнет модар патлиџан на турски начин

Т.Ц.

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.
Се вчитува....