4.8 C
Скопје
05:18 - 20 октомври, 2026

ГЛАДНИ И ПО ПОЈАДОКОТ? Тоа воопшто не е добар знак!

Многу луѓе сметаат дека почетокот на денот со неколку овошки е здрав појадок, но нутриционистите советуваат овошјето да го оставите за ужина.

Причината зошто сте уште гладни и по појадокот е дека најверојатно не внесувате доволно калории. Појадокот треба да има 300-400 калории, а најоптимална е бројката од 350 калории по порција.

Грешката што ја правите е дека најверојатно не внесувате некоја хранлива состојка. Имајте на ум дека печивата не се добар избор за појадок бидејќи во себе содржат масти и јаглехидрати, а малку протеини и влакна. Поради ова ви даваат енергија за кратко време, која пак ја губите за уште пократко.

Не заборавајте дека со појадокот треба да внесете и доволно масти и растителни влакна. Јадете интегрален леб, мастите внесете ги преку авокадо, внесете и јатки, а можете да пиете јогурт или растително млеко.

Според нутриционистите, поради фруктозата и овошните киселини, овошјето е најдобро да го јадете неколку часа по појадокот.

ДОБРИ ВЕСТИ: Пицата е одличен избор за појадок

Слични објави

Тајната на совршено похуваниот ослич и трикот за коричка што не се распаѓа

Т.Ц.

Рецепт за чорба од тиква, идеална за сите што имаат проблеми со желудникот, цревата и црниот дроб

Т.Ц.

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Зимница без конзерванси на која нема да ѝ одолеете: Кисели пиперки во тегла

Еспресо

Иконата што постојано се враќала кај изворот: Легендата за манастирот „Пречиста“ кај Кичево

Т.Ц.

Време е за зимница: Туршија со црвен кромид

Т.Ц.
Се вчитува....