32.8 C
Скопје
15:22 - 8 септември, 2026

ДИЕТА СО МАСЛИНКИ: Детоксификација на организмот за пет дена

маслинки

Оваа кратка, здрава и вкусна диета со маслинки носи бројни придобивки за телото, и бидејќи не содржи доволно разновидни хранливи материи, не смее да се држи подолго време.

По оваа диета, се препорачува здрава и урамнотежена исхрана, а не враќање на старите нездрави навики, што може да доведат до уште поголемо зголемување на телесната тежина. Покрај тоа, ако сакате да ја испробате оваа диета, мора да сте љубител на маслинки, особено зелени.

Појадок и вечера

Мешана салата: 40 грама рукола, 40 грама зелена салата, 2 големи свежи краставици, 40 грама зелени маслинки, 1 зелена пиперка, 1 домат, индиски ореви, босилек, малку балсамико, маслиново масло, сол не е потребна поради маслинките, но ако не можете без сол, тогаш додадете малку морска сол.

За ручек и вечера јадете зелени и црни маслинки, но истите мора да се исецкаат. Црните маслинки имаат повеќе калории од зелените, па за подобар ефект се препорачува во исхраната да додадете зелени маслинки.

Помеѓу оброците пијте многу вода. Во текот на целиот ден не смеете да консумирате повеќе од три лажици маслиново масло. Можете да јадете помеѓу 30 и 50 грама јаткасти плодови – бадеми, ореви, лешници, индиски ореви.

маслинки

Ручек

Полнозрнести житарки: интегрален ориз, овес, јачмен, леќа, леб од цели зрна. Сварете ги житарките, односно подгответе ги во форма на каша. Рибата е дозволена како храна, но во помали количини, околу 150 грама – на скара. Исто така, дозволени се млечни производи како јогурт, кефир, млеко со помалку маснотии, но во ограничени количини. На пример, еден јогурт од 200 милилитри или чаша млеко или иста количина кефир. Не се препорачува да се консумираат други масла освен маслиновото масло.

маслинки

Ефект од диетата

На крајот од диетата, не само што ќе ослабите, туку ќе забележите дека вашата кожа станува поеластична. Ова се случува бидејќи масните киселини од маслинките, го нормализираат метаболизмот и го стимулираат согорувањето на масното ткиво, но исто така го регулираат производството на липиди на кожата.

Исхраната може да ја следат здрави луѓе и луѓе кои имаат проблеми со висок холестерол. Ако имате какви било други здравствени проблеми и сомнежи, консултирајте се со доктор или нутриционист.

Слични објави

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.

Рецепт за превкусни модри патлиџани со моцарела

Т.Ц.

Верица Ракочевиќ за животот, успесите и загубите: „Продадов три големи стана во Белград за бизнисот“

E.A.

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ носеше фустан вреден 2.400 евра на роденденската прослава

Еспресо

Сите благодети на морската сол – содржи повеќе од 80 состојки кои позитивно влијаат на здравјето, кожата и косата

Т.Ц.
Се вчитува....