11.8 C
Скопје
00:24 - 24 април, 2024

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Сопружници ја изгубиле битката со ковид-19, оставиле 5 сирачиња

Даниел и Дејви Макиас од Јужна Калифорнија имале четири деца, а петтото дете им било на пат. Бидејќи Дејви работела како бабица, тие биле крајно внимателни да не дојдат во контакт со вирусот додека била бремена. За жал, нивниот живот наскоро се променил засекогаш.

Брачната двојка била многу сакана во соседството. Даниел предавал математика, а неговата сопруга им помагала на бремените жени при породување. Двајцата биле исклучително ценети. Тие се грижеле за своите четири деца, и кога дознале дека го чекаат петтото, ја продале својата куќа непосредно пред почетокот на пандемијата и се преселиле кај родителите на жената, пишува „Си-Ен-Ен“.

Фото: Принтскрин/GoFundMe

Денот кога се заразиле

Година и пол тие биле исклучително внимателни, но како што се приближувал почетокот на учебната година, знаеле дека ќе бидат изложени на ризик. Тие одлучиле да ги однесат децата во мал затворен воден парк за да го прослават крајот на распустот и почетокот на учебната година. Бабата на децата верува дека таму се заразиле.

„Не е точно дека мојот син и неговата сопруга не сакаа да се вакцинираат, тие само се двоумеа. Сакаа да ги знаат сите информации пред да ја примат вакцината. Сега гледаме дека короната е рулет и дека моите најблиски умреа, оваа болест не бира“, рекла жената на која ѝ припаднале децата по смртта на синот и снаата.

Фото: Принтскрин/GoFundMe

Тажен крај

Лекарите морале итно да ја породат 37-годишната мајка, бидејќи станало јасно дека таа нема да може самостојно да дише. Наскоро починала, дури и не го запознала своето бебе родено со царски рез.

Нејзиниот сопруг се борел уште две недели и му било кажано дека сопругата се породила, а медицинските сестри му покажале фотографија од бебето, кој во тоа време се борел со компликациите од вирусната инфекција. Тој успеал да го види бебето на кратко, но тој починал пред и да избере име за својата ќерка. Така, бебето останало без име и семејството засега ја вика „малечка“.

Фото: Принтскрин/GoFundMe

„Морав да им кажам на децата дека нивните мама и тато ги нема“

Мајката починала на 26 август, а таткото починал на 9 септември, оставајќи зад себе пет деца на возраст од неколку недели до осум години. Бабата морало да им ја каже тажната вест на децата.

Веста за смртта на двајцата родители најтешко ја поднела нивната тригодишна ќерка, која сонувала дека нејзиниот татко ќе се врати од болница.

„Знам сè, дете, но понекогаш соништата не се остваруваат“, ѝ рекла бабата.

Сега е започната кампања за собирање средства за децата кои останаа без двајцата родители, а голем број луѓе од нивното соседство се приклучиле во донирање средства.

Доколку сакате да им помогнете на овие преслатки деца со толку ужасна трагенија, истото можете да го направите на следниов линк.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....