15:38 - 9 ноември, 2026

Зошто треба почесто да јадете риба?

Unsplash

Рибата е многу поважна за вашата исхрана отколку што мислите. Лосос, туна, ослиќ – без оглед на изборот на риба, еве зошто рибата треба почесто да биде присутна на вашето дневно мени.

Прво и најважно, рибите се полни со омега-3. Џулија Зумпано, диететичар од Институтот за срце и васкуларни заболувања во Кливленд за „The Washington Post“ објасни зошто е добро да се јаде риба.

„Докажано е дека омега-3 мастите го намалуваат згрутчувањето на крвта, што може да предизвика срцев удар или мозочен удар, затоа што спречуваат крвните тромбоцити да станат лепливи… Тие исто така ги намалуваат триглицеридите – маснотии што можат да се акумулираат во артериите – го намалуваат крвниот притисок и воспалението и го зголемуваат нивото на добар холестерол“, вели таа.

unsplash

Уште подобро, рибата е како супер храна за вашата кожа. Како што вели д-р Мелда Исак, истакнат дерматолог, омега-3 масните киселини ја задржуваат влагата на кожата, а воедно помагаат и да се подобри дебелината на вашата кожа.

Рибата е добра и за вашата коса, особено лососот.

unsplash

„Лососот е одличен извор на хранливи материи што промовира здрава коса… Омега-3 може да ви помогне да ги хидрирате фоликулите за раст на косата, а протеините и биотинот можат да помогнат во зајакнување на косата и да спречат нејзино кршење“, вели Рима Клајнер.

Рибата дури помага за здравјето на коските. Балансираната исхрана богата со доволно калциум и витамин Д, како што е лососот, е една од најважната храна која го одржува здравјето на коските како што човекот старее.

unsplash

Но, најважно, рибата е добра за вашиот мозок. Да, јадењето риба всушност може да ве направи и попаметни. Според студијата објавена во „JAMA Network“ умерениот внес на морска храна е добра за невропатологијата на Алцхајмеровата болест. Затоа – јадете риба.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.
Се вчитува....