23.8 C
Скопје
01:38 - 21 август, 2026

Хитот на Џорџ Мајкл „Last Christmas“ нема никаква врска со Божиќ!

На 25 декември (католички Божиќ), почина легендарниот пејач Џорџ Мајкл (1963-2016). Тој имаше многу посакувана кариера, а еден од неговите најголеми хитови беше „Last Christmas“, кој го сними додека беше во бендот „Wham!“.

Оваа песна, според страницата songfacts.com, има многу малку врска со Божиќ. Имено, песната зборува за неуспешна врска.

Instagram

Без оглед на тоа, песната „Last Christmas“ стана голем божиќен хит, пред се во Велика Британија. Песната беше објавена како добротворна акција, а целата сума од продажбата отиде да им помогне на гладните во Етиопија.

Ако песната „Do They Know It’s Christmas“ не се брои, хитот „Last Christmas“ е најпродаваната божиќна песна во Велика Британија. Интересно, Џорџ Мајкл беше дел од обете песни („Do They Know It’s Christmas“ и „Last Christmas“).

Патем, песната „Last Christmas“ е создадена една недела во 1984 година кога Џорџ Мајкл и неговиот колега од групата “Wham!” Ендру Риџли биле во посета на родителите на Мајкл.

  • Јадевме нешто и седевме заедно одмарајќи со телевизорот во позадина кога, речиси незабележан, Џорџ исчезна околу еден час или нешто повеќе. Кога се врати, неговата возбуда беше како да открил злато, во извесна смисла, изјави Риџли за The Mail On Sunday во 2017 година и продолжи:
  • Отидовме во неговата стара соба, просторијата каде што поминавме часови како деца на снимање радио емисии и џингли, просторијата каде што ја држеше тастатурата и нешто каде што ги сними своите искри на инспирација и ми даде вовед и имагинарен рефрен… мелодијата на песната „Last Christmas“. Тоа беше момент на чудо. Џорџ изведе музичка алхемија, дестилирајќи ја суштината на Божиќ во музиката. Додавањето на текстот на песната со која тој ја раскажуваше приказната за предадената љубов беше маестрален потег и, како што често правеше, тоа ги допре срцата.

Слушнете ја песната „Last Christmass“ од „Wham!“:

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ ужива на јахта на црногорското крајбрежје – пејачката ја истакна новата фигура во провокативен фустан

Еспресо

(Фото) „Мојата љубов, моето сè“: Јована Јеремиќ блеска од среќа, а Тигар не се одвојува од неа

Еспресо

„Не можам да лажам, сакав веднаш да платам“: Сопругата на Сергеј Трифуновиќ ја раскажа својата страна на приказната за инцидентот во трговскиот центар

Еспресо

(Фото) Згодната сопруга на Милош Биковиќ во тесно трико направи хаос на Инстаграм

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и слип апнеа

Еспресо

Мала Цана изнесе тешки обвинувања против ќерките на Андрија Бајиќ: Тврди дека доживеала физичко и вербално насилство

E.A.
Се вчитува....