04:05 - 9 ноември, 2026

Три џемпери кои морате да ги имате оваа сезона во вашиот плакар! (ФОТО)

Времето за џемпери на Инстаграм го одбележува моќниот хаштаг #sweaterweather , а во нашите плакари конечно дојде време за вистинската промена на облеката.

Доколку сте љубители на неформалниот, кежуал стил на облекување, тогаш сигурно ќе уживате во модата на предимензионираните џемпери: широки раменици, долги ракави, огромни џепови, крупни додатоци, плетенки…

Доколку го негувате деловниот стил, за вас е направена тенката трикотажа која може да ја носите под палтото.

Во мода се полуролката и рол-јаката, кратки ракави или „глушец“ ракави, мешавина од ангора и пастелни нијанси.

Секоја модна трендсетерка оваа сезона дефинитивно ќе поседува беж џемпер, а на вас е да одберете дали ќе изберете крупни плетенки и изработка со дупки или фин, мазен преплет со дискретен светликав ефект.

Треба да имате и сив удобен џемпер од мохер кој ќе го носите во панталоните или со ремен кој ќе ви го истакнува струкот.

За посебно истакнување на вашиот личен стил, одберете долга џемпер-јакна која ќе ја носите со високи чизми или интересен конструиран модел кој сигурно нема да пројде незабележан.

Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram
Instagram

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....