20:15 - 8 ноември, 2026

Леб направен од квасец стар дури 4.000 години!

Unsplash

Еден археолог-египтолог, еден биолог и стручњак за припремање на јадења со квасец, се здружиле за да тестираат дали е сеуште употреблив квасец кој го пронашле на дното на садови во кои биле јадења и пива стари 4.000 години, од времето на средното царство во древен Египед.

Овој експеримент и неговите резултати биле опишани и објавени во најновиот број на стручното списание „Archaeology“. Се заклучило дека квасецот може да хибернира скоро безконечно, бидејќи чим бил активиран тој веднаш започнал да се размножува.

Всушност, квасецот е едноклеточна габа која не ги губи своите својства ни кога ќе се исуши. Тоа веќе го испроба археологот Серена Лав на Универзитетот од Квинсленд која со квасецот собран од дното на садовите пронајдени во гробниците на Египќаните и користејќи рецепти кои ги нашла помеѓу пергаментите со хиероглифи, добила дури неколку врсти на пиво.

Таа сега се придружила на „пекарот“ кој си поставил задача себеси, од квасецот стар 4.000 години да испече леб каков што најверојатно правеле и јаделе Египќаните.

Шимус Блекли тргнал во потрага по остатоци од тесто во садовите кои четири милениума биле во гробниците, за да се обиде да активира квасец и испече леб.

Блекли обиколил неколку американски универзитети кои имаат музејски колекции од египедски артефакти (Харвард,Универзитетот Бостон) за од нив да добие дозвола да земе тенок слој квасец од дното на садовите, а потоа смислил неинвазивен метод за што помалку да ги оштети тие скромни остатоци од квасец и да не ги контаминира со прашина која паѓала преку нив. Тој со инекција извлекол квасец за да не го загади со други габи и честички, кои подоцна би можеле да спречат да се „разбуди“ квасецот и почне да се размножува.

Потребната влага ја обезбедил со влажна стерилна газа и така го обновил „животот“ на квасецот кој потоа го помешал со една врста брашно која се добива од жита што египќаните ги користеле, и продолжил да го обработува тестото како што се прави и денес во пекарите.

Членовите на екипата на крајот го пробале лебот и констатирале дека може да се јаде, а следниот чекор, како што рекол Блекли, било да се утврди прецизната старост на квасецот кој бил користен.

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....