15.8 C
Скопје
23:44 - 1 мај, 2024

Вистинска модна икона: Кралицата Летиција во веќе носена комбинација изгледаше беспрекорно! (ФОТО)

Кралицата Летиција од Шпанија (47) позната е и како некој кој не штеди кога станува збор за квалитетни модни парчиња, но и како некој кој не троши ирационално, не е ретко да ја видите повеќе пати во истата комбинација.

Сепак, таа овој пат отиде чекор подалеку – го повтори скоро секој детаљ од својата стара модна комбинација.

Profimedia

Сопругата на шпанскиот крал присуствуваше на настанот оддржан од страна на организацијата „APRAMP“, која ги штити сексуалните работници во Шпанија, а за таа прилика се појави во многу елегантно женствено одело во бебешко розова боја која го потпишува модната куќа „Hugo Boss“. Станува збор за спој на панталони со рамен крој кои ја пратат линијата на телото и предимензионирано сако со лажни дворедни копчиња. Тука се вклопува и едноставната бела блуза. Кралицата оваа комбинација ја надополни со салонки на полна штикла, а одбра од аксесоари одбра многу ситни алки и впечатлив златен прстен кој го носеше на показалецот.

Profimedia

Интересно е тоа дека шпанската кралица ја видовме во истата комбинација кон крајот на 2019 година, кога присуствуваше на една изложба во мадридската Кралска палата, а таа тогаш го одбра дури и истиот накит на идентичен начин.

Profimedia

Слични објави

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

Велики понеделник: Што не треба да се прави на првиот ден од Страсната недела

еспресо

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо
Се вчитува....