20:59 - 28 ноември, 2026

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Најдобриот светски тенисер и спортист Новак Ѓоковиќ ноќта на 30 април ја помина во Дубровник на настапот на Северина Вучковиќ во еден клуб!

Како што може да се слушне и да се види на видеоснимките од клубот, кога Ноле зачекорил во клубот, луѓето почнале да скандираат: „Ноле, Ноле!“, а рамнодушна не останала ниту пејачката која го поздравила од сцената.

 

@dcotic Ono kad dođeš na Severinu, ali Đoković ukrade show! 👻✌🏽 #dubrovnik #severina #djokovic #fyp #foryou #foryoupage #balkantiktok #novakdjokovic #revelin #cultureclubrevelin ♬ original sound – danielacotic

Еден од обожавателите го снимил моментот во кој Ѓоковиќ танцува на стиховите на песната на „Тарапана“, а со видеото напишал: „Кога ќе дојдеш на Северина, а Ѓоковиќ ќе го украде шоуто“.

Ноле бил во друштво на пријатели, а во Дубровник дошол од Херцег Нови, од комплексот Портонови каде што поседува и недвижност.

Ова не е првпат Ѓоковиќ да го посети Дубровник. Минатото лето тој во друштво на семејството уживаше на својата јахта „Тара“ на плажите во Дубровник. Потоа беше снимен со сопругата Јелена и децата како се забавуваат во воден парк.

– Најдобро се одморам на море, но секогаш имам некои физички активности – рекол Ѓоковиќ минатата година и го нарекол Дубровник бисер на Јадранот.

 

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....