22:04 - 9 ноември, 2026

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 10 дена патува за Грција, a сето тоа без никакво превозно средство. Крајната дестинација е манастирот Нектариј Едински, каде пејачот ќе се поклони и ќе ја заврши својата хуманитарна мисија.

Никола секојдневно се огласува и открива детали од патувањата, а сега откри и колку пари собрал за 10 дена.

– Помага Господ, драги луѓе. Само сакам да ве информирам дека денеска стигнавме до 12 милиони динари и половина од вкупната сума. Господ да ве благослови и да продолжите да ја поддржувате „Фондацијата Семејство“ и нашите деца. Овој пат за детска радост. Збогум – рекол Роквиќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)


Никола го продолжува своето патување со иконата в рака, а на својот профил на Инстаграм ја сподели и цифрата што ја собрал.

Да потсетиме, Никола на ова патување собира средства за купување апарат за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детското онколошко одделение. Роквиќ и неговата сопруга Бојана ја основаа „Фондацијата Семејство“ која со својата хуманост и парична донација ќе им помогне на сите на кои им е потребна.

Тој денеска прошета со мештаните на планината Кукавица и ја сподели со јавноста убавината на недопрената природа, но и откри кои диви животни можат да се најдат во овој дел на Србија.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....