13:41 - 27 ноември, 2026

(Фото) Марија Шерифовиќ го покажа синот: Нежни мигови со слаткиот Марио

Познатата пејачка Марија Шерифовиќ ги израдува своите фанови со ново видео на каналот Јутјуб во кое за првпат јавно го претстави својот син Марио кој го доби во декември минатата година.

Во видеото можете да видите како пејачката ги собрала своите пријатели во својот стан пред патувањето во Шведска, каде неодамна одржа концерт, а потоа пред заминувањето емотивно се раздели со синот.

– Дојди да те бакнам, шефе. Чао, се гледаме наскоро, рече Марија додека нежно ги бакнуваше рацете на синот.

На видеото се гледа и како пријател на Марија се шегува дека ќе го однесе малиот Марио на фризер за да му ја скрати косичката, но пејачката се побуни велејќи:

– Нема шишање, не дава мајка да се шиша, биди добар.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....