19.8 C
Скопје
21:04 - 30 мај, 2026

Весна Петрушевска за масакрот во белградското училиште: „Мојата ќерка беше булирана после траумата за која не беше виновна“

Страшниот масакр што вчера го зави Белград и целиот регион во црно по убиството на осумте ученици во основното училиште „Владислав Рибникар“ од страна на малолетниот Коста. К.(14), длабоко ја вознемири целата македонска јавност.

Осум ученици и еден возрасен го загубија животот на страшен начин, што длабоко ги потресе сите граѓани на целиот регион.


Голем број јавни личности преку социјалните мрежи се огласија по оваа трагедија. Нашата актерка Весна Петрушевска која во објава на Фејсбук упати и порака до родителите:

– Тажен ден за сите… децата знаат да булираат, оние кои што се булирани не зборуваат за тоа! Се сеќавам како мојата ќерка беше булирана после траумата за која не беше виновна. Деца на нејзина возраст. Ја отпишав од тоа училиште оти родителите на булерите имале против што учат со неа.

Мразам оружје, никогаш ни на сцена не сум го користела како реквизит Со Коста детето што уби 9 човечки животи е една погубна поука да почнете да разговарате со своите деца, да ги слушнете, да клекнете на коленици и да ви шепнат што ги мачи. Во мојот живот се изнагледав насилни деца и жртви на насилниците. Одете до трети спрат психијатрија на клиника!Одете видете не е тоа далеку од вас!

Родителите сакаат се најдобро за своите деца во тоа не се сомневам, ама не ги гледате, не сте сведоци на нивните паѓања и трауми. Што мислите колкав гнев имал Коста? Веројатно немерлив Цело време зборувам за ментално здравје вие сте застанати кај анксиозност Соочете се со опасноста на врсничкито насилство. Не оди вашата флоскула “моете дете никогаш” кога веќе сте на 5 метри од вашето дете тоа е друг лик. Многу е страшно и проклето жално за загубата на сите жртви. Ова го има и кај нас. Образовниот систем ни е ерозија , гледаат одвратни риалити програми,насилни гејмерски игри,социјални мрежи кои сосема погрешно се користат. Во каков свет ни растат децата Сочуство,тажен ден за сите нас ….. – напиша Весна во својата објава.

Слични објави

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Т.Ц.
Се вчитува....