15:52 - 9 ноември, 2026

Коронавирусот „ја избрка“ кралицата Елизабета од дворецот

Пандемијата на коронавирусот се повеќе се шири низ територијата на цела Европа, а ниту Велика Британија не остана поштедена. Познато е дека вирусот е најопасен за луѓето на повозрасни години, па не и е сеедно ниту на кралицата Елизабета II.

Поради страв од вирусот оваа 93-годишна кралица, како што пренесува „The Sun“ ја напушти Бекингемската палата. Кралицата во моментот се наоѓа во Виндзор, а планот е таа и сопругот, 98-годишниот принц Филип, да престојуваат во Сандрингем, во случај ситуацијата во земјата да се влоши.

– Кралицата се чувствува добро, но ова е најдобриот потег за неа. Многу лица од нејзиниот персонал паничат поради вирусот. Палатата постојано прима гости, кои вклучуваат и политичари од целиот свет. Кралицата се сретна со многу луѓе во последно време. Само неколку недели ја делат од 94-от роденден и најдобро е да се оттргне од платата, изјави извор од кралското семејство.

– Нема никакви сериозни стравувања или позитивни тестови на коронавирусот во палатата, но не сакаме да ризикуваме, додаде изворот.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....