15.7 C
Скопје
18:34 - 19 октомври, 2026

(Фото) Цеца без шминка, на неа само крпа – вака се подготвува пред да дојде во Македонија

Долги години, Цеца Ражњатовиќ е една од најголемите балкански фолк ѕвезди, а освен нејзината појава и музика, интересна и е и поради приватниот живот.

„Анастасија и Вељко имаат различни карактери. Анастасија има смирен карактер, додека Вељко е бунтовен. Отсекогаш биле такви. Тие имаат силна братско-сестринска врска. Се караат, но многу брзо се смируваат. Многу се сакаат. Вељко има таков карактер кон мене, но и како мојот татко. Кога се караме со Вељко, целата куќа одекнува. Јас не се карам со Анастасија “рече Цеца на гостувањето кај Љубомир Тожев на телевизијата Блиц неодамна.

„Во иднина сонувам за „Ушќе 3“. Чекам да го завршам мојот албум и да ја почитувам традицијата што ја имам по секој албум. На концертите има одлична атмосфера и другарство и навистина сум горда на тоа. Исклучително сум горда на моите концерти, на ниту еден од нив не се случил ниту еден инцидент. Горда сум на мојата публика“, објави фолк дивата.

Цеца инаку наскоро ќе дојде во Македонија и ќе настапи на 29 август на стадионот во Крива Паланка.

Цеца и поп пејачот Саша Ковачевиќ, ќе бидат ѕвезди на вечерта на годинешната прослава на Денот на Крива Паланка, кој ќе се одржи на 29 и 30 август на градскиот стадион.

Првата вечер, во петок, покрај Цеца, ќе настапат и Мирза Селимовиќ и македонски диџеј Галоски, додека втората вечер во сабота освен Ковачевиќ, ќе  трубачкиот оркестар Биг Бенд Дејан Петровиќ и германскиот диџеј Том Нови. Концертите ќе започнат во 21 часот, а ќе се одржуваат до 1 часот по полноќ.

А Цеца, пред да дојде во Македонија се разубавува и на Инстаграм објави провокативно видео како се освежува во салон за убавина. На фотографиите, таа има  само крпа околу себе и е без шминка, а во вакво издание многу поретко ја гледаме.

 

Фото/ Инстаграм

Слични објави

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо
Се вчитува....