22:59 - 7 ноември, 2026

Јелена Спенџарска пак си замина од Македонија, но овојпат не во Солун, и откри што треба да прават мажите за жени како неа

Јелена Спенџарска, популарната ТВ-водителка од „Канал 5“ и инфлуенсерка на социјалните мрежи, често знае да биде интересна за јавноста и за нејзините фанови.

Сите кои ја следат, воодушевени се од нејзините статуси, а дел од нив навлегуваат во сферата на филозофијата и психологијата. Многумина се пронаоѓаат во нив.

За првпат јавно, за „Слободен печат“, Јелена во 2023 година откри како го запознала Гркот Лукас со кој е во врска две години, и детално го опиша моментот кога во себе си рекла: „Ова е човекот“.

„Тој е човек што постојано ме изненадува како карактер. Егото му е спуштено на минимум и тоа е најпредизвикувачкиот дел за мене. Со тоа учам многу за себе, како да бидам подобра и каде секојдневно грешам.

Фото: Инстаграм/Јелена Спенџарска

Тотално небалкански менталитет, маж што знае како да се однесува со жена, многу внимава на сѐ што ќе каже, често знае да ме изненади со некоја негова идеја. Многу сме различни, а многу исти во исто време, тоа е некој чуден феномен, кој не можам да го објаснам, но функционира беспрекорно – вели Јелена.

Спенџарска има необичен животен пат. Живее половина од годината во Солун, половина во Скопје, а летово постојано патува. Неодамна беше во Хрватска, а сега се огласи од ново место.

Таа е сега во Истанбул, и тоа со уште една згодна водителка, а тоа е Сања Савеска. Едно од прашањата кои ги доби на стори на Инстаграм се: „Би одела ли на состанок со жена како тебе? А, на ова Спенџарска одговори: Душо, јас би почнала војна за жена како мене“. 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....