16.3 C
Скопје
05:39 - 4 јуни, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Има услови за слаб мраз, еве на кои места и кога!

– Под влијание на постуден воздух од север, денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат нешто пониски за разлика од изминатите денови, и тоа за околу 5 до 6 степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, во следните денови ќе имаме стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена, локално и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено утре, и тоа долж Повардарието ќе засилува на интензитет.

– Температурите, и тоа оние максималните нема многу да се менуваат во споредба со денешните. Сепак наутро ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и минималните на многу места ќе се спуштаат до околу 0 степени, додека понекаде, и тоа особено на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат 2, до 3 степени под нулата, со што ќе се зголемуваат условите за појава на слаб мраз, па токму поради ова земјоделците да повнимаваат на своите земјоделски култури, односно истите да си ги заштитат, предупредува метео прогнозерот.

Во Скопје и околината во следните денови ќе имаме стабилно и суво време, со минимални температури кој ќе се спуштат 2 до 3 степени над нулата, а максималните ќе се искачуваат до околу 15 степени.

Слични објави

(Фото+видео) Чанта „Биркин“ вредна 30.000 евра – половина српска естрада на едно место, но сите очи вперени во Александра Пријовиќ

apostolova

(Фото) Бразилката Керолај е мајстор за привлекување внимание – го искористила своето тело како албум за сликички од Светското првенство во фудбал

Т.Ц.

(Видео) Десингерица не знаеше која е Калиопи: Што е тоа, летувалиште?

Еспресо

Дали Дуа Липа започна нов свадбен тренд? Нежниот цвет од нејзиниот монобукет крие силна симболика

Т.Ц.

(Фото) Жолтиот фустан едвај го задржа бујното деколте на Маја Шупут

Еспресо

(Фото) Повеќе не се кријат: Сара Јо го фотографирала Алексеј Бјелогрлиќ, тој се смее, а сите коментираат едно

Еспресо
Се вчитува....