25.3 C
Скопје
20:06 - 4 јули, 2026

„Да не беше Марија Шерифовиќ, којзнае што ќе беше со мојот син“: Потресната животна приказна на Нада Топчагиќ

Пејачката на народна музика Нада Топчагиќ е родена на денешен ден во 1953 година, а детството го поминала во Осиек. Иако со нејзините песни развеселува многумина, животот воопшто не бил нежен кон неа.

За тие тешки моменти пејачката ретко зборува во јавноста, најмногу со цел да ја потисне болката што ја носи длабоко во себе, а која потекнува од времето кога живеела во родното село Таревци во Република Српска.

„Тие се три сестри, најмладата сестра почина во Австрија. Нејзината ќерка живееше со бабата, со мајката на Нада. Тие две живееја тука. Јас отворив сметка, праќав пари од Германија, а тие работеа тука“, вели зетот на Нада Топчагиќ.

Еден мештанин за Стори.хр проговори за трагедијата што ја погодила нејзината фамилија.

„Таа фамилија беше добра, синот на братот исто беше добар пејач, беше во културно-уметничко друштво. Тука пееше, но кога почна војната, тогаш таму беше убиен, токму на линијата каде што бил, од оние кои не би требало да го убијат. Го познавав, беше добро момче. Беше и вреден работник, тие се занимаваа со земјоделство, но добро се сеќавам кога беше убиен…“, видно потресен раскажал мештанинот за трагедијата што го погодила семејството на пејачката.

За Нада Топчагиќ многу болна е темата за несреќата на нејзиниот син, па, како што вели и години подоцна ја обзема треска кога ќе се сети на тој кобен ден.

„Леле, што да кажам, не дај Боже никому тоа што јас го доживеав. Еве, и денес ми се наежува кожата и ми доаѓаат солзи кога само ќе помислам дека можев да го изгубам мојот Микица. Страшно е да гледаш како го губиш детето, а си немоќен. Страшно е да знаеш дека на твоето дете му запрело срцето, дека искрвавило и дека не знаеш дали ќе го видиш жив наутро. Не знам како останав нормална и како успеав да го преживеам тоа. Верувате ли дека веднаш би се убила ако мојот син искрвавеше и умреше? Не би чекала ниту минута, веднаш би си пресудила. Тоа ми беше во главата – ако го нема Микица, нема да ме има ни мене. Но, ете, Бог нè погледна и вечно му благодарам за тоа“, раскажала Нада.

Микица во 2010 година се борел за живот по тешки телесни повреди при скијање на Јахорина, каде што лекарите се бореле да му ја спасат десната нога. Дваесет минути по несреќата тој лежел повреден на снегот.

„Денот кога се разбуди од кома го славиме како негов втор роденден. Оваа година ќе бидат точно десет години од тоа. Страшно, но како што велам, Бог е семоќен и ни помогна и му подари на Микица прекрасни деца, моите внуци, кои ги сакам најмногу на светот“, рекла Нада, па истакнала дека лекарите на нејзиниот син дури двапати го враќале во живот.

Пејачката изјави дека цел живот ќе ѝ биде бескрајно благодарна на колешката Марија Шерифовиќ, која ѝ помогнала кога нејзиниот син Микица доживеал незгода.

„На Марија ќе ѝ бидам благодарна додека сум жива! Да не беше таа, којзнае што ќе беше со Микица. Сите ме бараа и ми нудеа помош – Маринко Роквиќ, Снежана Ѓуришиќ, Гоца Божиновска, но Марија Шерифовиќ се понуди да испрати хеликоптер. Затоа ѝ благодарам за тој гест. Состојбата на Мики беше непроменета со денови. Неколку недели не го чувствуваше стапалото. Не дај Боже никому тоа што тогаш го преживеав. Не јадев, не спиев. Не знаев за себе. Животот за секунда ми се претвори во пекол“, раскажала Нада во една пригода во својата исповед за „Српски телеграф“.

Малку е познато дека Нада Топчагиќ всушност потекнува од муслиманско семејство, а подоцна во животот ја променила верата.

„Тогашниот оџа не ми дозволи да го погребам татко ми како што јас сакав, туку под нивни услови и цени. За мене тоа тогаш беше неприфатливо, а како што слушнав, тие имале договор со каменорезачка продавница. Дури и не знам каде точно е погребан мојот татко. Никогаш не го менував името. Кога јас се родив, во селото имаше само три или четири Нади. Моите родители навистина беа муслимани, но родителите не можев да ги бирам, верата можев“, изјавила Нада еднаш.

Нада неодамна истакна дека во никој случај не би отишла да пее во Хрватска.

„Мило ми е што нашите таму денес полнат арени, но јас не би отишла, па макар и да немам леб за јадење. Мислам дека ни тогаш не би отишла“, била јасна Топчагиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nada Topcagic (@topcagicnada)

Слични објави

„За 37 години брак треба да ми засадиш шума“: Духовита порака на сопругата на Владе Дивац за годишнината

Т.Ц.

Вера Јанковиќ неутешна и 14 години по смртта на сопругот: „Бајо, единица мерка за бесмртност“

Еспресо

Антониа Гиговска не престанува да изнендува – ова не го очекувавме од неа

apostolova

Мишел Трајковски се сети на легендата Милан Завков: Имавме мала традиција што ќе ја паметам засекогаш

Еспресо

​Татјана Стојановска отворено во поткастот на СОС Детско село: „Жена може сè, со поранешниот сопруг немавме строги правила за синот“

Еспресо

Освежителна пита со праски без печење што буди носталгија за детството

Т.Ц.
Се вчитува....