10.8 C
Скопје
10:10 - 15 октомври, 2026

Бојан Илиевски ги полни батериите возејќи глисер на Охридско Езеро: „Толку многу ми се допадна што размислувам да си купам еден“

По победата во „Ѕвездите на Гранд“ и завршувањето на обврските, Бојан Илиевски решил да се опушти и да си земе неколку дена заслужен краток одмор.

По настапот минатиот викенд, Боки ги спакувал куферите и заедно со пријателите и роднините решил да се опушти на Охридското Езеро, каде што за првпат седнал зад кормилото на глисер, пишува Grand.rs.

– Искрено, ова ми беше првпат. Претходно сум возел џет-ски, но никогаш глисер. Навистина е прекрасно искуство. Кога си заминував и седнав во автомобилот, додека возев сѐ уште имав чувство како да сум на глисер, на вода, а не на улица – изјавил Бојан за „Гранд“, а потоа признал и дека добил желба да си купи глисер.

INstagram

– Добив желба да си купам глисер, толку многу ми се допадна таквиот начин на возење. Возењето со глисер толку многу опушта и одмора, што е нешто неверојатно.

Додал дека при возењето со глисерот чувствувал посебен адреналин кој целосно го релаксирал.

– Како да не, тоа е неописливо. Се крева предниот дел на глисерот, а ти остануваш назад. Потоа доаѓаат оние нагли свртувања лево и десно, кога глисерот буквално скока по водата. Практично, се крева околу метар и пол во воздух, па повторно паѓа во водата и пак скока. Прекрасно искуство – објасни Бојан и откри дека не можел да одолее, а да не запее и на глисерот:

– Навистина убаво се одморив. Бев малку на море, малку на езеро, а кога се возев со глисер, гласот ми се опушти, па пеев како славеј.

Како што пренесува „Гранд“, Бојан успеал дополнително да ги „наполни батериите“, па накратко отпатувал и во Грција, на брегот на Егејското Море, каде што исто така уживал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Ilievski (@bojan__ilievski)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojan Ilievski (@bojan__ilievski)

Слични објави

Зошто ви опаѓа косата? Овие се најчестите причини за кои можеби не сте знаеле

К.С.

„Сакаше да замине во манастир, не ѝ беше добро“: Пријателите ги откриваат деталите за последните години од животот на Слаѓана Тесла

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 октомври: Не губете премногу време на усовршување на деталите

apostolova

Јована Јеремиќ не му остана должна на Каспер:“„Тој не е вистински маж, многумина ме тужеле, но никој не ме добил“

Еспресо

Карлеуша за крајот на пријателството со Бирташевиќ: „Повредена сум, но сите се заменливи“

Еспресо

Еве со што се занимаваат свекрвата и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ: Имаат приватен бизнис во Требиње

Еспресо
Се вчитува....