03:41 - 8 ноември, 2026

„Сите ќе умрете! Знам, ми кажа директорот“: Легендарната Сека Саблиќ иако е позната како „кралица на хуморот“, за себе вели дека е намќор

Српската глумица Јелисавета Сека Саблиќ, која на македонската публика ѝ остана врежана во меморијата по епската сцена од македонскиот филм „Викенд на мртовци“ и репликата разменета со Димче Мешковски, „Сите ќе умрете! Знам, ми кажа директорот“, е родена на денешен ден во 1942 година.

Низ годините во многу интервјуа во медиумите таа откри дека иако сите ја знаат како „кралица на хуморот“, во секојдневниот живот не е баш така:

„Воопшто не сум духовита! Јас сум едно намќорче и постојано нешто мрчам. Често ќерките на моите пријателки им велат: ‘Леле, вам ви е убаво, сигурно постојано се смеете со Сека’, а тие им одговараат: ‘Како не, таа мрчи, таа е едно намќорче’. Така е, брате, таква сум! Јас во животот не глумам. Всушност, не глумам ни на сцена. Поискрена сум на сцена отколку во животот. На полицаец не знам да одглумам за да не ми напише казна, туку одам и на суд“, изјавила претходно за „Блиц пулс“ Сека Саблиќ.

„Ги гледам старите слики и си велам колку добра риба сум била“

Иако на нас како публика ни се чини дека секогаш е добро да се биде Сека Саблиќ, излегува дека на Сека ѝ е жал што режисерите никогаш не ја повикале за одреден тип улоги.

„Никогаш не добив улога на заводничка. Сега кога ги гледам моите стари снимки и фотографии, си велам – Боже, колку сум била добра риба. Не ми е јасно што ми недостигало, па никогаш не ми дадоа да глумам таков лик. Ете, тоа никогаш не бев“, изјавила Сека.

Зборувајќи за себе, Сека со насмевка признала дека доцна се пронашла во улогата на домаќинка.

„Дури подоцна станав домаќинка, добро е што син ми преживеа покрај мене. Се сеќавам кога на 50 години ѝ реков на мајка ми: ‘Зошто не ми кажа дека супата се посолува на крај за јунешкото месо да не ми биде тврдо?’ А таа ми рече: ‘Полека, Секо, имаш време, ќе научиш’“, раскажала Сека во разговор за РТЦГ.

Станала мајка на 34-годишна возраст

За својот брак и љубовен живот никогаш не зборувала многу. Мајка станала на 34 години, кога го добила синот Стефан.

Тој е успешен театарски режисер, кој во улогата на татко се остварил во 2013 година. Стефан добил син по име Леон, за кого Сека е многу приврзана.

Според нејзините зборови, најголема радост во нејзиниот живот е внукот Леон, со кого е многу блиска и со кого го поминува секој слободен миг.

„Леон е пред сите, тој е мал цар“, изјавила претходно за „Стори“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radoslav Kajtez (@radoslav.kajtez)

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....