19:20 - 21 ноември, 2026

„Поставив апсолутен рекорд – нула продадени билети“: Данијела Мартиновиќ доживеала ситуација која никогаш нема да ја заборави

Пред да изгради успешна кариера, хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ доживеала ситуација што веројатно никогаш нема да ја заборави – за еден нејзин настап не бил продаден ниту еден билет.

Данијела за ова необично искуство зборуваше во емисијата „Special Happy Show“, присетувајќи се на настап во дискотека во близина на Сисак, на кој публиката воопшто не се појавила.

„Имаше еден диско-клуб во близина, мислам дека беше кај Сисак, каде што поставив апсолутен рекорд – нула продадени билети. Никогаш не би го променила тоа, бидејќи и тоа е дел од патот. Колку и да беше чудно, само неколку месеци подоцна почнаа да се случуваат ‘Zovem te ja’, ‘Ide mi, u životu ide mi’, ‘Što sam ja, što si ti’, ‘Neka mi ne svane’, а потоа навистина сè некако тргна по нагорна линија“, раскажа пејачката.

Како што објасни, кога сфатиле дека во клубот нема публика, туку само келнери, одлучила воопшто да не излезе на сцената и се вратила дома.

„Не, имаше само келнери. Си заминав дома кога видов дека никој нема да дојде. Но, морам да кажам дека не чувствував стрес, страв или неизвесност. Подоцна дури и се шегувавме на сметка на тоа и извлековме поука – никогаш не треба да се откажувате во животот, апсолутно никогаш“, изјави Данијела.

Токму по тој период почнаа да се редат нејзините големи хитови, па овој неуспех, како што вели денес, останал само една необична епизода на патот до успехот, пренесува „Пулсонлајн“.

Слични објави

(Видео) Џејла Рамовиќ никогаш попровокативна: Мини фустанот и белите чорапи до бутовите ја истакнаа нејзината фигура

Еспресо

(Фото) Нивес Целзиус ги засука ракавите и ја уреди својата оаза во природа, погледнете го нејзиното ново катче

Т.Ц.

(Фото) Саша Ковачевиќ ѝ остави јавна порака на поранешната на Инстаграм! Фаталната русокоса го прослави 33. роденден, а еве што ѝ напиша

Еспресо

Некому нова љубов, некому напредок на работа — кој е најсреќниот месец за вашиот знак во 2027 година?

К.С.

(Фото) Српската естрада денеска го слави Свети Архангел Михаил: Сармите на Брена им се омилени на сите, Чолиќ оди во црква со ќерка си, Неда го собира семејството на ручек

Еспресо

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

apostolova
Се вчитува....