16:50 - 1 ноември, 2026

Д-р Беќаровски советува да бидеме внимателни кога пиеме пијалаци со мраз: „Теоретски од мразот може да настане труење“

Освежителните пијалаци со многу мраз во лето се често на менито во рестораните, баровите на плажа, кафулињата. Но дали сте се запрашале каков мраз ви ставаат во пијалакот и дали може да биде извор на труење? Д-р Нико Беќаровски, клинички тосиколог вели дека е голема веројатноста да си го загрозите здравјето ако консумирате пијалак со мраз.

Теоретски од мразот може да настане труење, станува збор за вируси коишто се резистентни на ниски температури. Не е честа појава, но постои можноста и треба да се внимава – вели докторот во интервју за „Слободен печат“.

Тој зборува за тоа како да се чувствуваме безбедно на плажа, што треба да носиме со нас во торбата за прва помош и кои треба да ни бидат првите чекори при убод на еж или инсект, по допир на медуза и сл.

Урината не е лек ако ве „испржи“ медуза, тоа е мит којшто на чуден начин кружи помеѓу луѓето. Оваа забуна доаѓа од таму што при ваква несреќа веднаш  се става солена вода. Поради присуството на солите во урината почнал да се пренесува овој „лек“- вели тој.

 

 

Слични објави

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Почина Мишо Хрњак, басистот на легендарната „Азра“ — неговата музика одбележа генерации

К.С.

Денеска е Светскиот ден на веганството — што се случува со организмот кога ќе престанеме да јадеме животински производи?

К.С.

(Фото) Билјана Дебарлиева прослави 32 години брак со сопругот Јован — нивната љубовна приказна започна во Охрид

К.С.

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.
Се вчитува....