21:25 - 1 ноември, 2026

„Јадам бурек, па плачам три дена“: Теа Таировиќ откри дека мисли дека е „дебела“

Пејачката Теа Таировиќ одржа концерт пред околу 20.000 луѓе во Шабац, а пред да излезе на сцената во интервју за „Курир“ искрено зборуваше за својот приватен живот, семејството, сопругот, новиот дом во Црна Гора, студентските денови, но и за необичната приказна поврзана со финалето на Светското првенство.

Таа призна дека, иако се труди да биде дисциплинирана, има еден порок на кој тешко му одолева.

„Обично кога се враќам од настап, ако сум со автомобил, застанувам во пекара и купувам бурек со печурки. Тоа ми е омилен бурек. А потоа се лутам и плачам три дена затоа што морам повеќе да тренирам“, изјави Таировиќ.

Во таквите моменти, како што вели, најголема поддршка ѝ е сопругот, кој ја мотивира да продолжи со тренинзите и е многу подисциплиниран од неа.

Пејачката се осврна и на песната „Шпанија и Аргентина“, која повторно стана актуелна откако токму овие две репрезентации играа во финалето на Светското првенство. Таа, сепак, нагласи дека не станува збор за никакво предвидување.

„Ме повика сопругот и ме праша: ‘Кој ќе победи?’, за да уплати тикет. Му реков дека морам да кажам напамет, бидејќи ако размислувам, сигурно нема да погодам“, раскажа Таировиќ низ смеа.

Неодамна пејачката купила недвижност во Црна Гора, а уредувањето на ентериерот ѝ го доверила на својата мајка.

„Мајка ми беше задолжена за тоа. Таа добро знае каква ќерка има, па затоа сѐ е во бела и златна боја“, рече Таировиќ.

Со насмевка зборуваше и за својата баба, која, како што вели, секогаш е искрена и не ги премолчува своите забелешки.

„Мојата баба е многу директна. Не дава животни совети, туку веднаш ќе ти каже: ‘Не ти стои тоа’, ‘Во ова изгледаш дебело’, ‘Ништо не ми се допаѓа’“, откри пејачката.

Малкумина знаат дека Теа студирала психологија. Таа призна дека сè уште жали што не дипломирала и затоа не се отпишала од факултетот.

„Јас сум вечен студент и навистина лошо се чувствувам поради тоа. Би сакала да дипломирам. Не сум се отпишала, токму затоа што се надевам дека еден ден ќе го завршам факултетот“, изјави Таировиќ.

Таа додаде дека, иако нејзините родители одамна се помириле со тоа дека можеби никогаш нема да земе диплома, студиите по психологија не ѝ помогнале многу во справувањето со притисоците на естрадата. Откри и дека испитот по статистика го полагала трипати.

Слични објави

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.
Се вчитува....