21:54 - 1 ноември, 2026

Ружица од „Ареа“ иронично за загадената вода во Гостивар: „Браво, топ тема сме, вакво решение не би ми дошло ни на сон“

Пејачката Ружица Милошеска Брчиоска, вокал на рок-групата „Ареа“ којашто живее во Гостивар, се огласи за последните случувања поврзани со скандалот за водата во нивниот град.

Згрозена од тоа што ги снајде жителите на Гостивар, таа иронично им се обрати на властите преку фејсбук -статус, каде  напиша дека ете во нешто се први.

Гостивар топ тема сме 😎 Еднаш и ние да сме центар на внимание, заслужено, браво. Вакво решение за зголемување на притисокот во градскиот водовод на секого не може да му текне. Мене да си признаам дури ни на сон не би ми текнало – напиша Брчиоска.

Како што голем број гостиварчани споделуваат на социјалните мрежи, официјалните бројки на лица коишто покажале симптоми се многу поголеми од тоа што јавно се прикажува и како што велат, речиси да нема дом што не е погоден од епидемијата. И пејачката вели дека единствено во Гостивар се шири вирус .

А плус си имаме гостиварски вирус што само тука си вирее, а се добива од гостиварската храна и од високите летни гостиварски температури што ги нема на друго место. Па така цел град е со симптоми на овој Гв вирус кој не може да се прошири во ниту едно друго место. Нека ни е со помин – стои во објавата.

Слични објави

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.

„Го видов на насловните страници и се заљубив“ – Како започнала љубовната приказна на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ

Т.Ц.
Се вчитува....