15:28 - 5 септември, 2026

Љупка Митрова пред полиграф откри за што била казнета: Љубител сум на брзо возење, а со „порше“ се вози брзо

Македонската инфлуенсерка и сопственичка на модниот бренд „Митроф“, Љупка Митрова, гостуваше во емисијата на Стефонатор, каде што одговараше на прашања поврзани со приватниот и професионалниот живот, додека беше врзана на полиграф.

Во разговорот, Митрова откри дека смета оти нејзиниот бренд е најдобриот на домашната модна сцена, а призна и дека во минатото ангажирала вработени од друга модна куќа, откако им понудила подобри услови за работа. Сепак, не сакаше да открие за кој бренд станува збор.

Таа се осврна и на периодот кога останала без возачка дозвола, откривајќи дека тогаш ѝ било одземено и возилото.

„Љубител сум на брзо возење, а со Порше се вози брзо“, рече таа, додавајќи дека била санкционирана затоа што возела 52 километри на час во зона каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

Едно од прашањата се однесуваше и на нејзината свадба со сопругот Георги, која се одржа во Грција. На прашањето дали свадбената прослава чинела колку неколку станови во Скопје, Митрова кратко одговори:

„Не знам, не ја плаќав јас.“

Таа призна и дека од денешна перспектива жали што предолго останала во првиот брак, а зборуваше и за односот со сегашниот сопруг.

„Не му знам ни пасвордот“, одговори таа на прашањето дали му го проверува телефонот, додавајќи дека Георги многу ја почитува, ѝ дава мир, поддршка и чувство на сигурност.

Во текот на разговорот откри и дека токму нејзиниот сопруг е задолжен за готвењето во домот, бидејќи таа не се снаоѓа најдобро во кујната.

Таа рече дека Георги најубаво подготвува мусака и гравче, што предизвика смеа во студиото.

„Што се смеете? Јас сум жена што сака традиционална македонска кујна“, рече Митрова.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ ги покажа танга-гаќичките среде емисија: Камерата сними незгоден момент

Еспресо

Лепа Брена: „Во прво одделение се тепав со едно момче, не ми се допаѓаше таа дискриминација“

E.A.

(Фото) Сека Алексиќ го покажа Вељко избричен и потстрижен — следбениците изненадени од неговиот нов изглед

E.A.

Андрија Милошевиќ сурово се пошегува на сметка на Д-р Иги — „горат“ социјалните мрежи

E.A.

Кога позира во костим за капење изгледа како манекенка – ова е тајната на витката фигура на Верица Ракочевиќ на 78 години

Еспресо

(Видео) Сопругата на Петар Грашо покажа како спрема нова песна – синчето Тони беше во нејзиниот скут

Еспресо
Се вчитува....