13:54 - 7 ноември, 2026

Полицијата повторно влезе на настап на Десингерица: Малолетници консумирале алкохол

Црногорската полиција повторно спроведе контрола за време на настап на српскиот рапер Драгомир Деспиќ – Десингерица, овојпат во ноќен клуб во Будва. Акцијата била дел од засилените проверки на плажните барови и ноќните клубови со цел одржување на јавниот ред и безбедноста на граѓаните и туристите.

При контролата, инспекторите затекнале малолетни лица кои консумирале алкохол, поради што угостителскиот објект бил казнет со 2.200 евра. Дополнително, санитарната инспекција изрекла уште 900 евра парична казна поради утврдени неправилности од нејзина надлежност.

Ова е втор случај во само неколку дена поврзан со настапите на Десингерица во Црна Гора.

Претходно, во ноќен клуб во Сутоморе, полицијата го приведе раперот заедно со уште две лица од Србија заради утврдување на идентитетот. По проверката, сите тројца биле казнети со по 200 евра, бидејќи престојувале во Црна Гора без лични документи, согласно Законот за странци.

Во истата контрола во Сутоморе, полицијата затекнала 11 малолетници кои консумирале алкохол, како и едно лице кое работело без соодветна дозвола. Поради повеќе прекршоци, на правното лице и на одговорните лица им биле изречени казни во вкупен износ од 11.200 евра.

Црногорските власти најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со засилените инспекциски контроли во угостителските објекти долж приморјето.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....