11:27 - 27 ноември, 2026

(Видео) Моќниот пијалак на Ана Ивановиќ за рамен стомак: Секое утро го започнува со ова

Ана Ивановиќ го откри „еликсирот“ во чаша за рамен стомак: Ова го започнува денот, го менува појадокот и има малку калории

Поранешната српска тенисрка Ана Ивановиќ на својот инстаграм-профил често споделува совети и трикови за тоа како се негува и како го одржува совршениот физички изглед.

Таа објавува и моменти од своите утрински ритуали, а во една прилика го споделила и рецептот за своето омилено смути.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)


Нејзината рутина е едноставна, но ефектна: ананас, спанаќ, јаболко, ѓумбир, чаша вода, сок од лимета. Резултатот е освежително смути кое е пријатно и за непцето, но и за телото.

Она што е особено интересно е како Ана оваа секојдневна навика ја трансформира во мал ритуал на убавина и енергија.

За оние што ги следат велнес-трендовите, ова е пример за тоа како едноставните, хранливо богати состојки можат да станат дел од естетски привлечна рутина.

Спанаќот и зеленото јаболко обезбедуваат база богата со витамини, ананасот додава суптилна сладост и е одличен сојузник во борбата против целулитот, ѓумбирот штити од вируси и го зајакнува имунитетот, лиметата е полна со витамин Ц и заедно мразот обезбедуваат освежителен финиш.

Ана Ивановиќ со ова порачува дека здравиот живот не мора да биде комплициран, бидејќи рамнотежата помеѓу убавината, здравјето и стилот може да биде природна и елегантна.

 

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо
Се вчитува....