6.8 C
Скопје
05:42 - 5 мај, 2024

Сите невини, а банката пропадна!

Народната банак не може да ја укине дозволата на некоја банка тукутака. За да се прогласи една банка несолвентна, има строги дефиниции, математички формули и Народната банка само кога ќе се случат тие дефинирани параметри може и смее да прогласи пропаѓање на една банка.

Народната банка од бројките ја прочитала несолвентноста на Еуростандард банката, видела со колку пари таа располага, видела колку кредити имала пласирано, колку од нив се враќаат, колку се пропадната инвестиција и, како што и законот ја обврзува, донела одлука да побара стечај на Еуростандард. Ако ја оставила банката и понатаму да работи, уште повеќе ќе биле уште загрозени нејзините клиенти. Гарантирано обесшетеување, до 30.000 евра, од Фондот за осигурување на депозити,  има само за граѓаните. Но што е со оние што имале над 30.000 евра? Ги има повеќе од 700 граѓани. Што е со фирмите? Во Еуростандард банка има и фирми со свои сметки, а за нив не постои обесшетување од некаков фонд. Тие и оние 700 граѓани со поголеми заштеди од 30.000 евра, парите треба да ги чекаат од стечајната маса, која ќе биде се потенка колку подолго се одолговлечува стечајот.

Со аргументите на Народната банка се согласија и поранешите гувернери. Многу авторитети застанаа зад тоа дека веќе немало спас за Еуростандард банката, и ако тоа не е спорно, тогаш клучното прашање е како дојде Еуростандард до таква состојба. Е за тоа клучно прашање се прогласија сите невини.

Мнозинскиот акционер Трифун Костовски ја обвини Народната банка дека ако мислела да ја затвори Еуростандард банка, требала тоа да го направи уште пред една година, а не неговото семејство и понатаму да вложува пари и потоа да ги загуби. Народната банка пак информираше за сите чекори што ги презела, притоа повикувајќи се на регулативата која точно предвидува како Народната банка треба да се однесува, кои шанси треба да ѝ ги пружи на банката која има потешкотии, кои ограничувања треба да ѝ ги наметне и кога треба да донесе решение за укинување на дозволата за работа. Според Костовски, пак, оганичувањата биле толку рестриктивни, што практично банката не можела да работи и да заработи, а кога нашла инвеститор, Народната банка не му посветила ни пет минути да го сослуша. Според Народната банка пак, инвеститорот не нудел докапитализација соодветна на потребите на оваа банка.

Ова се аргументи и противаргументи околу тоа дали можела банката да се спаси. Но што е со чекорот назад – како банката дошла до таква состојба? Костовски за лошата состојба во банката се повика на „местенка“ од страна на поранешното раководство, на чело со претседателот на Управниот одбор Николче Петковски. Според Костовски, од страна на Петковски му биле подметнувани кредити за кои немало покритие. Но она што и самиот јавно го кажа е дека во време кога Петковски бил претсдател на Управниот одбор, тој си бил претседател на Надзорниот одбор, а неговиот син Коста Костовски бил претседател на Одборот на ризици во банката.

Токму ова беа и аргументите за одбрана на Петковски кој преку соопштение во медиумите информираше дека Трифун и неговиот син биле целосно инволвирани во дневните операции на банката и целосно биле запознаени со состојбите и случувањата во банката и ниедна поголема и побитна не била донесена без знаење на некој од нив.

„Затоа обвинувањата за давање кредити на новорегистрирани фирми, одлевање на средства без трага, за плаќање на фиктивни фактури и слично се, во најмала рака, смешни“, изјави Петкоски и јавно сподели податоци кои треба да го илустрират растот на Банката додека тој бил претседател на Управниот одбор – до 29 ноември 2019 година.

Сегашен претседател на Управен одбор е поранешниот прв даночник, Горан Трајковски. Него Костовски јавно го исклучи од случувањата, велејќи дека тој е дојден отпосле, откако Петковски ги „наместил“ кредитите што не можат да се вратат.

Значи, сите се прогасија за невини. Но, некои прашања мора да се одговорат: Дали стручното незнаење може да се санкционира? Дали ако некој каже дека е „наместен“ тоа автоматки ќе го амнестира? Сепак, семејството Костовски не само што биле сопственици во банката, биле на челна позиција, која значела надзор, проценка на  ризик.И дали некој ќе ја истражува евентуалната местенка?

Во меѓувреме, многу големи пари останаа заробени во банката. Тие пари не се само обични цифри. Тоа се нечии судбини. А додека не се докаже вината, сите одговорни за тие судбини се невини.

The post Сите невини, а банката пропадна! appeared first on Слободен печат.


Сите невини, а банката пропадна! was first posted on август 17, 2020 at 11:09 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....