11.8 C
Скопје
07:26 - 3 мај, 2024

САМО ОВИЕ ДВЕ ДРЖАВИ се единствени во ЕУ без раст на новозаразени со ковид-19

План за постепено олабавување на мерките заради пандемијата со коронавирусот стапува на сила во Ирска.

Продавниците, музеите, фризерниците, фитнес клубовите и библиотеките повторно ќе бидат отворени. Од 4 декември, рестораните и пабовите што служат храна исто така ќе ги отворат вратите за посетители. Сепак, баровите кои нудат само алкохолни пијалоци ќе продолжат да работат единствено со достава до домовите.

Од 18 декември до 5 јануари ќе се воведат уште поголеми олеснувања, а целта е граѓаните да можат да ги прослават претстојните празници. Во овој период, слободното движење ќе биде дозволено низ целата земја, но на прославите ќе можат да присуствуваат членови на најмногу три семејства.

Според Националната здравствена служба, мерките за штедење го запреле вториот бран на епидемијата, а во моментов Ирска и Финска се единствените земји на ЕУ кои не регистрираат зголемување на нови случаи за период од две недели. Во Ирска во понеделникот беа пријавени 306 нови случаи на КОВИД-19 и еден смртен случај поврзан со инфекцијата. Вкупниот број на заразени Ирци од почетокот на пандемијата е 72.544, а бројот на смртни случаи е 2.053.

Текстот е преземен од slobodenpecat.mk со претходна дозвола од порталот.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....