5.8 C
Скопје
05:38 - 29 март, 2024

Родители на деца до трето одделение реагираат: Наставниците бараат децата да следат физичка настава, иако имаме избор

Почетокот на новата учебна никогаш не бил понеизвесен, а иако е познато дека учениците ќе започнат со настава од 1 октомври, сепак и натаму постојат дилеми за начинот на кој таа ќе биде организирана.

Родителите на учениците до трето одделение имаат можност за избор – дали нивното дете да следи настава со физичко присуство или онлајн. Меѓутоа, многу родители бурно реагираат на однесувањето на дел од одделенските наставници, за кои тврдат дека директно или индиректно им вршат притисок, нивните деца да следат само физичка настава.

Таков е примерот кој го објави „Радио МОФ“, а кој се однесува за родител на второоделенче од Велес, кој добил порака која ја смета за директен притисок врз него да одлучи детето да следи настава со физичко присуство.

„Во прилог ви ја праќам согласноста како и протоколот за работа на училиштето пропишано од Комисијата за заразни болести и МОН. Доколку одберете онлајн настава треба да приложите и документ или медицинска белешка издадена од лекар специјалист дека вашето дете не може да посетува настава со физичко присуство поради хронична болест“, гласи порака која ја добил овој родител.

Досега ниту од МОН, ниту од Комисијата за заразни болести, не беше соопштено дека за да се одбере настава со физичко присуство е потребно да се приложи документ дека детето е хронично болно.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ова е само еден од начините на кој според повеќе родители наставниците се обидуваат да издејствуваат настава со физичко присуство за сите ученици до трето одделение.

Мајка на ученик од второ одделение од основно училиште во Кисела Вода тврди дека одделенскиот наставник ја убедувал да одбере настава со физичко присуство за своето дете, бидејќи повеќето од другите родители веќе се одлучиле за таа опција.

Дури и моето дете да е единствено за кое ќе се побара онлајн настава, тоа треба да ни се уважи и да се реализира. Цела недела наставникот ме убедува дека моето дете треба да следи физичка настава. Ми зборува за тоа дека за најмалите не постои голем ризик од вирусот и дека е подобро наставата да се одвива во живо. Но, зарем јас не сум таа што треба самата да одлучи за тоа? Зошто ми е дадено правото на избор ако некој ме убедува која одлука треба да ја донесам? Не може наставниците да инсистираат за физичка настава кога ние родителите имаме избор за тоа – вели оваа мајка.

Од Министерството за образование и наука засега не добивме одговор дали кај нив се пријавени ваквите форми на притисок, односно дали навистина наставниците инсистираат на физичка настава. Од МОН чекаме одоговр и за тоа дали се бара и дали е потребна медицинска потврда дека детето е хронично болно и поради таа причина не може да следи настава со физичко присуство.

Родителите реагираат и во врска со самите анкети кои училиштата им ги праќаат на родителите, односно се жалат на тоа дека прашањата не се формулирани онака како што треба, но и на премногу органичениот рок да се одговори на овој прашалник.

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„А можевте и утре да не известите за изјавава? И какво е ова известување преку ФБ? Ниту секој има ФБ, ниту е официјален и соодветен медиум. Срамота. Најсоодветно во случајов е да пратите емаил до сите родители или да се јавите на телефон. Ама како што ми кажаа кога претходно бев кај вас вашите вработени, тоа е многу работа за вас!!!“, реагира родител на основец од ОУ „Љубен Лапе“ во Аеродром, откако училиштето на својот официјален профил го објавиле прашалникот за родителите, без притоа поединечно за тоа да се информира секој родител.

Средношколците најавија можен бојкот

И додека родителите на основците се соочуваат со проблеми при изборот на идеален начин на настава на своето дете, средношколците повторно најавија можен бојкот на наставата доколку не се остварат нивните барања.

Тие бараат комбиниран модел на настава, односно да се овозможи и средните училишта да организираат настава со физичко присуство.

МОН и Комисијата за заразни болести дадоа зелено светло за сите средни и основни училишта кои сметаат дека ги исполнуваат условите за организација на настава со физичко присуство да поднесат барање, за кое владина комисија ќе одлучува дали ќе го одбори или не.

Но, и покрај ова, лидерот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, вели дека учениците размислуваат за протест бидејќи не им е исполнето „најважното“ барање.

Средношколците излегоа на протест, бараат враќање во училишните клупи, Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

– Се уште размислуваме за бојкот. Треба да донесеме една унифицирана одлука и тоа сигурно ќе го знаеме до наредната недела. Сите барања ни се прифатени, освен најважната: Во училиштата во кои ќе се реализира настава со физичко присуство и каде бројот на ученици во сите или некои паралелки е над 20 ученици и/или не може да се обезбеди физичка дистанца од најмалку 1.5 метри (во училница со стандардна големина), паралелките се делат на две групи. Првата група ја следи наставата со физичко присуство, додека втората група од далечина. Двете групи потребно е да се менуваат, односно ротираат на дневна основа –  вели Ходаи.

Досега вкупно 113 училишта доставиле барања за одржување настава со физичко присуство – 79 од нив се основни,  а  34 се средни училишта. Рокот за поднесување на барањата беше до 10 септември, но се уште нема официјални информации за тоа на кои училишта ќе им бидат одобрени барањата, а на кои не.

The post Родители на деца до трето одделение реагираат: Наставниците бараат децата да следат физичка настава, иако имаме избор appeared first on Слободен печат.


Родители на деца до трето одделение реагираат: Наставниците бараат децата да следат физичка настава, иако имаме избор was first posted on септември 15, 2020 at 1:17 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....