22.8 C
Скопје
13:09 - 29 март, 2024

Политика или економија: Се подготвува ребалансот, а за платите на администрацијата уште нема одлука?!

Во Министерството за финансии почна да се подготвува ребалансот на Буџетот. Ова го потврдија и министерката за финансии Нина Ангеловска и премиерот Оливер Спасовски. Но и двајцата соопштија дека сѐ уште не е донесена одлука за тоа дали ќе се кратат платите на администрацијата, или не.

Министерката за финансии не откри за колкав износ ќе се крати приходната страна, но затоа Фатмир Битиќи кој е советник на Спасовски, а е и во советодавното тело од експерти на Ангеловска, ја откри сумата. Според него станува збор за износ меѓу 1 и 2 отсто од буџетот, осносно од 39 до 78 милиони евра. Според Битиќи, до максималната сума од 78 милиони евра би се дошло само ако има консензус и за оние ставки за кои што немало до сега, како што е и кратењето на платите во администрацијата.

Како што е познато, претседателот на СДСМ, Зоран Заев кога го прeзентираше партискиот предлог од економски мерки го спомена кратењето на платите на цела администрација на ниво од 14.500 денари. ДУИ остро регираше против овој предлог и оваа мерка не се најде во официјалниот пакет на Владата. Деновиве, можевме да го слушнеме ставот на Ангеловска дека таа смета дека платите на администрацијата треба да се кратат.  Барем на хартија, сега постојат повеќе сценарија за тоа колку би се заштедило од кратењето, а има и сценарија за кратење од 20 отсто на платата на цела администрација, како и кратење само на големите плати.

Но, премирот Спасовски рече дека, иако се ставени на маса предлозите и анализите, најисправната одлука што ја донесоа во однос на примањата, не помина на Уставниот суд.

– Знаете, дека донесовме одлука и јас сметам дека тоа беше една од најисправните – токму функционерите, ние што имаме и најголеми плати во државата, да ги намалиме на минимална плата. Уставниот суд го оспори тоа, Во меѓувреме, сите функционери веќе ги донираат своите плати во Фондот што го формиравме за оваа криза – рече Спасовски.

Тој потенцираше дека во Буџетот ќе останат капиталните инвестиции кои создаваат добра економска активност.

– Едноставно, ќе креираме Буџет, што ќе може да ја поддржи економијата и во моменти кога ќе имаме услови за нејзино целосно враќање, таа да биде подготвена да се врати во полна економска активност – рече Спасовски.

Паралелно со креирањето на ребалансот, се подготува и третиот пакет мерки, кои според најавите се за заживување на економијата, така што ќе ја поттикнат како јавната, така и приватната потрошувачка.  Поттикнувањето на јавната потрошувачка ќе се темели токму на капиталните инвестиции, додека за зголемување на приватната потрошувачка, неофицијално, на хартија е и предлогот за неповратно делење пари на граѓаните што ќе може да ги потрошат за домашни стоки и услуги. Секако, за овие мерки , потребни се и странски кредити.

The post Политика или економија: Се подготвува ребалансот, а за платите на администрацијата уште нема одлука?! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....