22.8 C
Скопје
15:46 - 2 мај, 2024

Од утре не важат повеќе вонредни уредби: Потрошувачките кредити може да поскапат

Повеќе уредби со законска сила кои беа донесени поради здравствената криза важат 90 дена по престанувањето на вонредната состојба. Последната вонредна состојба заврши на 22 јуни, што значи дека за уредбите со овој рок, последен ден на важење е недела, а веќе од утре – 21 септември, важат редовните законски одредби.

Во економската сфера, престанувањето на важноста на уредбите ќе ги засегне корисниците на потрошувачките и на таканаречните брзи кредити, донаторите на стоки и услуги за справување со корона-кризата и несолвентните компании.

Од утре престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба. Ова значи дека од сега вкупните трошоци (камата, провизија и други тошоци) за потрошувачките кредити што ги даваат банките, или пак небанкарските финансиски институции во форма на таканаречени брзи кредити, ќе бидат 47,5 отсто од позајмицата, а според Уредбата, износот на вкупните трошоци беше лимитиран на 30 проценти.

Враќањето на „редовниот“ Закон за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, значи дека годишната стапка на вкупни трошоци може да биде најмногу пет пати повисока од стапката на законската казнена камата утврдена согласно со Законот за облигационите односи за договорите во кои барем едното лице не е трговец.” Казнената камата за периодот од 1 јули до 31 декември 2020 година е 9,5 проценти.

Донациите веќе не се ослободени од ДДВ

Од утре не важи и Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба со која од ДДВ се ослободуваа стоки или услуги кои им беа донирани на буџетски корисници со цел справување со пандемијата. Исто така, ослободување од ДДВ имаше и за стоки и услуги кои беа купени со донирани пари.

Истата уредба, за примена на законот за ДДВ, ги регулираше и електронските фактури во вонредни услови. До денеска постоеше можност за издавање на електронски фактури без редовно пропишаната процедура. Од утре фирмите не треба да примаат фактури пратени по електронски пат кои не се издадени според член 53–б од Законот за ДДВ и не се регулирани со примена на електронски потпис, кој е заснован на квалификуван сертификат кој е уреден со Законот за податоците во електронски облик и електронски потпис.

Се враќаат стечаите

Кај Уредбата со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба, рокот на важност е три месеци по престанокот на вонредната состојба, што значи дека таа важи уште утре. Според оваа Уредба над стечајните должници кои ги исполнуваа условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, не се отвораат стечајни постапки и не се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба, како и три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба. Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба. Практично, со истекот на овој рок, се враќаат стечаите.

The post Од утре не важат повеќе вонредни уредби: Потрошувачките кредити може да поскапат appeared first on Слободен печат.


Од утре не важат повеќе вонредни уредби: Потрошувачките кредити може да поскапат was first posted on септември 20, 2020 at 10:02 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....