10.8 C
Скопје
04:12 - 4 мај, 2024

На Волстрит нови рекорди

На Волстрит во понеделникот пораснаа цените на акции, при што С&П 500 и Насдак индексот достигнаа нови рекордни нивоа зошто инвеститорите се охрабрени од веста за напредокот во борбата против короната.

Доу Џонс зајакна за 378 поени или 1,35 отсто, на 28.308 поени, додека С&П 500 порасна за 1 отсто, на рекордно ниво од 3.431 поен, а Насдак индексот 0,60 отсто, на рекордни 11.379 поени.

Доброто расположение на берзата е благодарение на вестите за напредокот во лекувањето на коронавирус. Американските власти, одобрија користење на крвна плазма на луѓето кои се излечени од ковид-19 за лекување на заболените.

Иако Светската здравствена организација е скептична во врска со ваквото лекување поради недоволно квалитетните податоци, инвеститорите ги охрабри овој чекор кон побрзото опоравување на заболените, велат аналитичарите.

Од 11 најважни сектори на С&П 500 индексот, во 10 од нив цените на акциите вчера пораснаа, а најмногу во енергетскиот и финансискиот.

Благодарение на вчерашниот скок, индексот Доу Џонс сега од своето рекорно ниво достигнато во февруари, е оддалечен 4,2 отсто, додека во однос на почтетокот на годината е во минус 0,8 отсто.

Насдак, од почетокот на годината е во добивка речиси 27, а С&П 500 околу 6 отсто.

Така, и покрај бавното опоравување на економијата од длабоката рецесија и ширење на коронавирусот во САД, индексите Насдак и С&П 500 ги надоместија сите загуби од избивањето на коронакризата и тргнуваат кон рекордните нивоа.

Таквото брзо опоравување е благодарение на досега незабележаните потенцијални фискални и монетарни мерки на американските власти, вредни повеќе илјади милијарди долари.

Тие фискални и монетарни поттици ги преплавија американските финансиски пазари со готовина, а во потрага по највисоки приноси инвеститорите тие пари ги насочија во акции.

Сепак, останува дилема дали растот на цените на акциите е оправдан, со оглед на тоа дека американската економија е во длабока рецесија и дека опоравувањето, судејќи по се, нема да биде така брз како што се надеваа инвеститорите.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа. Лондонскиот ФТСЕ зајакна за 1,71 отсто, на 6.104 поени, додека франфуртскиот ДАКС порасна за 2,36 отсто, на 13.066 поени, а парискиот ЦАЦ 2,28 отсто, на 5.007 поени.

 

The post На Волстрит нови рекорди appeared first on Слободен печат.


На Волстрит нови рекорди was first posted on август 25, 2020 at 9:32 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....