30.4 C
Скопје
15:10 - 10 јули, 2026

Мистеријата за децата на Ким Џонг-ун: Никој не знае колку се, а Денис Родман ги видел и еве што вели за нив

Веќе со денови се зборува за здравствената состојба на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, а најголемо внимание се дава на тоа кој би можел да го наследи во најлошото сценарио.

Цел живот Ким Џонг-ун (36) е голема мистерија, а мистерија е и податокот колку точно деца има лидерот на Северна Кореја. Тој од 2009 година е во брак со Ри Сол Џу и се знае дека имаат најмалку едно дете.

Тоа се знае, меѓу останатото, на основа на една изјава на Ким Џонг-ун, кога во 2018 година во разговор со секретарот на САД, Мајк Помпео, рекол дека сака да ја прекине нуклеарната програма, бидејќи е „сопруг и татко“.

Малку познатите информации за нивниот брачен живот во главно доаѓаат од тајните служби на Северна Кореја. Ри е инаку бивша пејачка и не е реткост да исчезне од јавноста на одредено време. Некогаш се зборува дека тоа е заради брачните проблеми, а некогаш се претпоставува дека тоа е бидејќи е трудна.

Се верува дека првото дете, син, го добиле во 2010 година, а дека три години подоцна добиле ќерка. Исто така се зборело дека на почетокот на 2017 година добиле трето дете.

Поранешниот НБА играч, Денис Родман во 2013 година, по посетата на Северна Кореја, за Гардијан ги споделил своите искуства и меѓу другото рекол дека се спријателил со Ким па успеал да дознае неколку работи од неговиот приватен живот.

– Маршалот Ким и јас одлично си пројдовме на плажа со неговата фамилија. Им го чував бебето, Џу-ае, а разговарав и со неговата сопруга Ри. Тој е добар татко и има прекрасна фамилија, рекол Родман.

Меѓутоа, и понатаму како најверојатен избор на наследник на Ким Џонг-ун се споменува неговата сестра, Ким Јо Џонг.

The post Мистеријата за децата на Ким Џонг-ун: Никој не знае колку се, а Денис Родман ги видел и еве што вели за нив appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....