27.6 C
Скопје
17:45 - 19 јуни, 2026

„Black Sabbath“ почнаа турнеја со нов пејач, „Црвена Јабука“ објави двоен албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешениот ден, 28 април, низ музичката историја го одбележаа неколку значајни настани за кои можете подетално да прочитате во продолжение…

1969 година – Американската група „Chicago“ објави дебитантски довен ЛП албум – „Chicago transit authority“ , за кој добија и Греми награда како најдобри нови изведувачи, а изданието, како посебно вредно дело, во 2014 година стана дел од Grammy hall of fame.

1979 година – Лео Сеер со албумот „The very best of Leo Sayer“ изби на првото место од британската листа на албуми, како единствен од неговиот опус, но ги понуди навистина најдобрите песни од овој англиски изведувач.

1980 година – „Black Sabbath“ почна турнеја со нов пејач, кој го замени Ози Озборн. Станува збор за Рони Џејмс Дио, кој дојде од групата „Rainbow“ и овде остана до 1982 година, кога го замени Јан Гилан. Рони Џејмс, пак, истата година основаше свој хеви метал бенд под назив „Dio“.

1981 година – Почина Стив Кари, басист на британската глам рок група „T.Rex“, која престана да функционира откако нејзиниот лидер Марк Болан исто така почина четири години порано.

1999 година – „Црвена јабука“ објави двоен ЦД албум „Ризнице сјечања“, свое второ лајв издание, а снимено е на два последователни акустични концерти.

2005 година – Четврто доделување на босанските музички награди Даворин. Во програмата настапија Едо Маајка и Френки, Скроз, Жељко Самарџиќ, Маја Татиќ, Магнифико, Арсен Дедиќ, а посебен момент беше настапот на Масимо со „Индекси“, кои ги предводеше Фадил Реџиќ.

Слични објави

Драган Стојковиќ Босанац проговори за драмата со лекарот: „Ти остануваат уште три години живот“

Еспресо

(Видео) Главна на Јадранот – Јована Јеремиќ заплива во морето во светкаво бикини

Еспресо

Малкумина го знаат ова: Со што се занимавала Емина Јаховиќ пред музичката кариера?

Еспресо

Палми, базен и висока ограда — Ана Севиќ ужива во луксузната вила, ја чува обезбедување 24 часа на ден

Еспресо

(Фото) Ќерката на Гоца Тржан блесна на матурата — убавата Лена беше како холивудска ѕвезда

Еспресо

(Фото) Ана Стојанова ги полни батериите во Турција — згодната инфлуенсерка никогаш не била во подобра форма!

Еспресо
Се вчитува....