16.8 C
Скопје
21:01 - 12 септември, 2026

Постојат два облика на имунитет, кои имаат голема улога во заштитата од коронавирусот

Во моментов околу 450.000 луѓе се лекуваат од ковид-19 во светот, а бројката се зголемува. Лошата вест е дека не е сигурно дали еднаш заразената личност е отпорна на повторна зараза и токму тука е важен имунолошкиот систем.

Имунитетот е целосна заштита од болести, но работата е многу покомплицирана, според Центарот за контрола и превенција на болести. Вродениот имунитет е присутен уште од раѓање, стекнатиот имунитет е специфичен одговор на одделен антиген или група тесно поврзани антигени. Стекнатиот имунитет е поделен на активен и пасивен.

Разликата е во тоа колку добро телото е запознаено со вирусите и бактериите за кои ги развило антителата и колку може да ги спречи идните заболувања. Добрата вест е дека и двата облика на имунитет можат да одиграат голема улога во заштитата од коронавирусот.

Што е активен имунитет и како се стекнува?

Активниот имунитет се стекнува кога телото е изложено на болести, па тој го поттикнува имунолошкиот систем да произведува антитела на таа болест. Тоа може да се случи на два начина: или преку инфекција, значи по природен пат, или со вакцина.

Со вакцинирањето се создава имунитет сличен на оној по природно заболување, но без изложеност на болеста и нејзините компликации. Овој тип имунитет ќе му помогне на имунолошкиот систем да препознае одредени болести и да влијае врз производството на антитела потребни за да се одбрани организмот од болести. Активниот имунитет е долготрајна заштита, но зависи од конкретната болест.

Иако останува да се направат многу истражувања, д-р Џими Мејер, професор на Универзитетот Јејл, сигурен е дека и активниот и пасивниот имунитет можат да бидат заштита од коронавирусот.
Сепак, научниците во моментот го насочуваат целото внимание на проучување на стекнатиот имунитет кај луѓе што закрепнале од ковид-19.

Имунитет за повторена инфекција

Пред неколку недели на состанокот на Светската здравствена организација (СЗО), д-р Мајкл Рајан, директор на програмата за итни ситуации, сподели дека сè уште не е познато дали луѓето што закрепнале од инфекцијата можат повторно да бидат жртва на истиот вирус и каков вид имунитет е потребен за борба против вирусот.

– Очекувавме некоја личност да развие антитела и на тој начин да е заштитена подолг период. Сепак, не можеме ништо да тврдиме, бидејќи сè уште станува збор за нов, непознат вирус – заклучил тој.
Меѓутоа, некои експерти се согласуваат дека еднаш заразено лице, сепак развило некаков облик на заштита.

Ако овој вирус се однесува како и сите други, откако некое лице се зарази и закрепне, мора да стекне имунитет за да се заштити од повторна инфекција – смета д-р Ентони Фаучи, владин експерт за инфективни болести во Америка.

Што е пасивен имунитет

Пасивниот имунитет е заштита стекната со развојот на антитела на болеста преку сопствениот имунолошки систем. Оваа заштита е временски ограничена, обично на неколку недели или месеци. Преносот на антитела од мајка на дете преку плацентата е еден пример за стекнат имунитет.

Една од најголемите придобивки на пасивниот имунитет е тоа што веднаш обезбедува заштита, но не дејствува долго како активниот имунитет и губи на сила за неколку недели.

Сепак, и ова е корисна информација, бидејќи може да помогне кај коронавирусот.

– Со давање антитела од крвта на луѓето што закрепнале од заразата на луѓе што се болни или стари, се превенираат компликациите и се забрзува закрепнувањето – смета д-р Мајер и додава дека се потребни понатамошни истражувања.

Слични објави

Храна и пијалаци што ги уништуваат бубрезите: Внимавајте што секојдневно внесувате во организмот

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Современи техники за тонзилектомија

apostolova

Експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате ако имате низок притисок

Еспресо

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо
Се вчитува....