23:33 - 13 јули, 2026

Трагична судбина на докторка: Се борела во првите линии, па заболела од коронавирус – набргу се самоубила

Врвна докторка од Њујорк, која се борела на првата линија против коронавирусот, си го одземала животот.

Д-р Лорна Брин, која била директорка на итната помош во болницата во Њујорк „Presbyterian Allen Hospital“ во Квинс, умрела од повредите кои самата си ги нанела, јавила њујоршката полиција.

Др. Лорна М. Брин (48) си го одзема животот / Фото: Presbyterian Allen Hospital

Таткото на починатата 48-годишна докторка, д-р Филип Брин за Њујорк тајмс рекол дека таа „пробувала да ја врши својата работа и тоа ја убило“.

Докторката се заразила со ковид-19. Таткото на починатата вели дека Лорна немала историја на ментални болести. Умрела во Вирџинија, каде престојувала кај фамилијата.

Presbyterian Allen, болницата во Квинс, Њујорк, САД / Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Лорна Брин се заразила со коронавирусот на работа, но се вратила по десеттина дена, откако се излечила, вели нејзиниот татко.

Од болницата повторно ја испратиле дома, а потоа фамилијата интервенирала и ја довеле кај нив, вели нејзиниот татко. Тој наведува дека последниот пат кога се слушнал со својата ќерка, Лорна делувала „потресено, практично одвоена од реалноста“ и му рекола дека Ковид-19 пациентите умираат пред да успеат да излезат од амбуланта.

Десетина, па и стотина пациенти заразени со коронавирусот лежат во болницата со повеќе од 200 кревети во Квинс.

На надворешните стакла од болницата каде Лорна работела испишано е „Суперхерои внатре“ / Април 2020, Њујорк, САД / EPA-EFE/PETER FOLEY

„Навистина беше во првата линија на борбата“, рекол нејзиниот татко за Тајмс и додал: „Погрижете се да биде запамтена како херој. Таа е жртва исто како и сите починати од коронавирусот.“

The post Трагична судбина на докторка: Се борела во првите линии, па заболела од коронавирус – набргу се самоубила appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....