11.8 C
Скопје
00:17 - 24 април, 2024

ВИДЕО: Нова бескаматна кредитна линија од 31 милион евра за малите бизниси, еве кој ќе може да аплицира

Микро и мали компании, трговци поединци и занаетчии ќе можат да аплицираат за третата бескаматна кредитна линија на Развојната банка во износ од 31 милион евра.

Средствата е обезбедени преку EU4Reselience ИПА програмата на Европската Унија во висина од 30 милиони евра, а еден милион евра се обезбедени од наменските програми на Владата за справување со Ковид-19.

Јавниот повик е објавен денеска, а се очекува да бидат поддржани околу 2.000 микро и мали економски субјекти. Ќе можат да аплицираат компании кои имаат пад на приходите од април до август од најмалку 20 отсто во споредба со минатата година.

Минималниот износ за кој ќе може да се конкурира е три илјади евра, а максималниот износ за трговците поединци и за занаетчиите е 5 илјади евра, а за микро и малите компании 15 милиони евра.

Кредитите се на три години, без камата, со вклучен грејс период од шест месеци. Барањата ќе може да се доставуваат од 16 декември од 00:01 часот до 30 декември во 23:59 часот.

– Она што ја прави третата бескаматна кредитна линија различна од претходно е грант компонентата од 30 отсто која корисниците на кредит од Ковид 3 можат да ја добијат. Грант компонентата се однесува на четири категории на субјекти и тоа субјекти кои се управувани од жени или кои имаат во сопственичка структура шени. Втората категорија се субјекти кои се управувани од млади лица до 29 години или имаат млади во сопственичката структура од најмалку 50 отсто. Третата категорија се извозни компании кај кои учеството на приходите од извоз е најмалку 50 отсто и четвртата категорија се субјекти кои реализираат проекти од областа на зелена економија, модернизација или дигиталзиација на деловните процеси…., појасни директорот на Развојната банка Кире Наумов на денешната прес-конференција.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи посочи дека со оваа бескаматна кредитна линија за два ипол пати е зголемена поддршката за компаниите погодени од Ковид кризата.

– Првпат е проширен таргетот на кредитната линија и им е дадена шанса и на занаетчиите кои имаат пад на своите приходи од најмалку 20 проценти да можат да поднесат кредитно барање за добивање кредит со нула отсто камата. Со овој исчекор се потврдува искрената заложба на Владата да испорача реална поддршка на овие на кои им е најпотребна. Ова мерка е контиунитет на претходните две кредитни линии со кои беа обезбедени бескаматни кредитни линии во вредност од 13, 5 милиони евра за 1.376 компании за зачувување на близу 18 илјади работни места, истакна Битиќи.

Според евроамбасадорот Дејвид Гир, последиците од пандемијата на Ковид 19 се драматични низ целиот свет и се уште ќе се чувствуваат и поради тоа потребни се подолгорочни одговори.

– Поради таа причина задоволство ми е заедно со вицепремиерот Битиќи да го претставам големиот финанскики план од 40 милинони евра за да се поддржат мали бизниси и да се стимулираат иновации и вработувања. Од нив, 30 милиони се во форма на бескаматна кредитна линија што ќе биде управувана од Развојната банка на Северна Македонија за микро и мали претпријатија. Останатите десет милиони евра ќе бидат управувани од Агенцијата за вработување, со цел да им се помогне на луѓето кои се без работа, а сакаат да основаат бизнис, како и да им овозможат на микро, малите и средните претпријатија да основаат нови можнсоти за работа, истакна евроамбасадорот Гир на заедничката прес-конференција со вицепремиерот Битиќи и директорот на Развојната банка.

Проследете ги сите информации во видеото:

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....