36.8 C
Скопје
17:28 - 11 септември, 2026

Триесет години од возобновувањето и осветувањето на манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во село Ботун

Ботунскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“ се наоѓа на југоисточните падини на планината Караорман, на речиси два километри од селото Ботун, на една широка висорамнина што овозможува поглед кон сите села на Долна Дебрца. Последните истражувања откриваат дека манастирот најверојатно бил разрушен во текот на Брсјачката буна 1880-1881 година, во која активно учество зеле и селата од Дебрца. Во Ботун се наоѓал единствениот безбеден каравански мост за преминување на реката Сатеска, за кој се грижеле ботунци како дервенџии по што биле ослободени од одредени даноци. Мостот бил дел од патот Дебар – Прилеп, кој поминувал преку Малесија, низ Дебрца и продолжувал за Демир Хисар. Австроунгарскиот патеписец Ами Буе во 1838 година патувајќи по таа рута го посетил Ботун, каде што и преноќил. Поради важната контрола на тој дел од патот, ботунци дали голем придонес во вооружениот отпор за време на Брсјачката буна. По нејзиниот неуспех Ботунскиот манастир одмазнички бил разрушен. Клисурата која поминува под манастирот до денес се нарекува „Калуѓердол“, а реката што поминува низ неа „Калуѓерка“.

Фото: Промо

Од манастирот единствено била спасена иконата на Богородица – Сецарица, која до денес се чува во храмот „Свети Атанасиј“ (изграден 1854) што во нејзина чест бил преименуван во „Пресвета Богородица“ (во 1895 кога бил фрекоживописан). На иконата, во 2021 година бил откриен натпис дека истата е дело на познатиот Трпо Зограф од Корча, кој ја насликал во ноември 1806 година и ја поклонил самиот тој за свое спасение.

Фото: Промо

Обновата на денешниот храм започнала во 1992 година, врз рушевините на стариот манастирски храм кој бил со многу поголеми дименззи од тоа што е денес возобновено. Ботунци никогаш не го заборавиле тоа древно светилиште, а местото каде што била чесната Трпеза во олтарот го заштитиле со големи камени плочи и таму се молеле и палеле свеќи. Во текот на градежните активности откриени се повеќе гробови од различни периоди. Денешниот храм е завршен во 1996 година и е осветен на 06 октомври истата година од страна на покојниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фрескоживописот и големите икони на иконостасот се дело на познатиот српски зограв Лазар Лечич.

Слични објави

Се вадам на скршената глава: Перо Камиказа повторно на велосипед по потресот на мозокот

apostolova

Храна и пијалаци што ги уништуваат бубрезите: Внимавајте што секојдневно внесувате во организмот

Еспресо

Ова е вистината за дијагнозата на Јелена Томашевиќ

E.A.

Кој ги купи луксузните апартмани на Саша Поповиќ во Опатија? Неговиот кум откри детали

Еспресо

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

(Фото) Ваква Цеца досега не сте ја виделе: Се појави фотографија од младоста со сестра ѝ и родителите

Еспресо
Се вчитува....