15.8 C
Скопје
04:53 - 22 октомври, 2026

Се вадам на скршената глава: Перо Камиказа повторно на велосипед по потресот на мозокот

Неполни два месеца откако по пад од велосипед заврши во Ургентниот центар со потрес на мозокот, четири конци на главата и повеќе нагмеченици, музичарот Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа повторно се врати на натпреварувачката патека.

Фронтменот на „Меморија“ учествуваше на велосипедска трка во Маврово, каде што по шест години се симна од првото место во својата возрасна категорија. Овојпат заврши шести меѓу девет натпреварувачи постари од 60 години, а во објавата се пошегува и на сметка на неодамнешната повреда.

„Вчера конечно после шест години, се симнав од првото место на Халквело во Маврово. Првиот во трката во моја категорија, кој беше во Маврово, ја извозе патеката побргу од моето најдобро време за цели девет минути. Секоја чест. По првпат имаше девет пријавени во категорија над 60 години и јас завршив на шестото место. Сега можам да се вадам на ‘скршената глава, на ова, она’, ама тоа не го намалува успехот на победниците. И Ѓоковиќ и Усаин Болт отидоа во историја, па сега еден Перо Камиказа. Извонредна организација и, се разбира, уште еднаш честитки за најдобрите. Македонија вечна. Се гледаме следната година на стартот“, напиша Георгиевски.

Неговото учество на трката доаѓа по сериозната незгода што ја доживеа во јули на Кејот на Вардар во Скопје. Додека возел велосипед во својата лента, трчач ненадејно го сменил правецот и влегол во неговата патека, по што Георгиевски паднал.

По несреќата бил пренесен во Ургентниот центар, каде што лекарите утврдиле дека добил потрес на мозокот. Расекотината на главата била санирана со четири конци, а имал и повеќе нагмеченици. По направената компјутерска томографија било утврдено дека нема внатрешно крварење.

Камиказа тогаш јавно раскажа за повредите и за лекарските прегледи, а откри и дека при снимањата било забележано старо оштетување во пределот на Ц2-пршленот на вратот.

И покрај сериозниот пад, уште тогаш најави дека нема намера да се откаже од велосипедот.

„Сполај ти, Боже, што ми даде шанса да продолжам. Се гледаме набрзо на кејот“, порача Камиказа по несреќата.

Неполни два месеца подоцна, неговата тогашна најава се оствари. Георгиевски повторно е на велосипед, а се врати и на натпреварувачка патека.

 

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....