20:32 - 10 ноември, 2026

Храна и пијалаци што ги уништуваат бубрезите: Внимавајте што секојдневно внесувате во организмот

Бубрезите како органи имаат многу важна функција во човечкиот организам. Тие се задолжени за отстранување на различните отрови од телото, исфрлајќи ги притоа преку урината. Бубрезите исто така создаваат и хормони, потоа ги филтрираат наталожените токсини, го зголемуваат нивото на течности….
Токму затоа важно е да се обидеме да ги зачуваме во совршено здрава форма. Најлесен и наједноставен начин да го направиме тоа е со внесување здрава храна, која ќе ја поттикне нивната работа, но и со избегнување храна и напитоци што можат да предизвикаат сериозна штета кај овие витални органи.
Храната и напитоците што буквално „ги уништуваат“ бубрезите се лесно достапни, па многумина не знаат дека прават непоправлива штета на здравјето. Токму затоа важно е ваквата храна да се внесува во умерени количини или да се исклучи целосно од употреба.

1. Алкохол
Алкохолот во основа е отров, кој бубрезите мора да го филтрираат. Умереното консумирање алкохол не ја прави оваа работа премногу тешка, но прекумерното создава вистински притисок врз нив. Преголемата количина алкохол всушност ја менува функцијата на бубрезите, слично како што ја менува функцијата на мозокот и ги прави неспособни ефикасно да ја филтрираат крвта.
Алкохолот има дехидрирачко својство, а водата е од критична важност за функцијата на бубрезите, како и за секоја поединечна клетка во нашето тело. Оваа внатрешна борба е една од причините поради кои мамурлакот толку пречи. Многу е важно да пиете многу вода секогаш кога консумирате алкохол.

2. Сол
Натриумот е важна состојка што му помага на телото да одржува правилна рамнотежа на течностите. Работејќи заедно со калиумот, натриумот ја одржува крвта за да може ефикасно да филтрира низ бубрезите. Меѓутоа, кога внесувате премногу сол преку исхраната, бубрезите се принудени да зачуваат повеќе вода за да ја разредат крвта. Тоа на крајот го покачува крвниот притисок и може дури и да ги оштети микроскопските структури во бубрезите кои ја извршуваат филтрацијата – нефроните.

3. Млечни производи
Млечните производи се богати со калциум и со други хранливи состојки, како и со протеини. Тие можат да бидат здрав додаток во исхраната, но не смеат претерано да се консумираат. Премногу калциум може да доведе до камен во бубрезите, бидејќи се борат да го исфрлат преку урината.
Преоптоварените бубрези нема да бидат во можност да го обработуваат протеинскиот отпад и тој ќе дојде до опасно ниво во телото. Истражувањата покажале дека ограничувањето на консумацијата на млечни производи, на луѓето со бубрежни болести може да им ја одложи потребата за дијализа.

4. Месо
Премногу месо може да предизвика проблеми со бубрезите, бидејќи животинските протеини се тешко сварливи, па претставуваат товар за бубрезите. Исхраната богата со животински протеини би можела да доведе до развој на бубрежни каменчиња. Месото содржи голема количина пурин, кој го поттикнува производството на мочна киселина, што е една од најчестите причини за бубрежни каменчиња. Наместо тоа, консумацијата на зеленчук и јаткасти плодови би можела да ги обезбеди протеините што му се потребни на телото.

Слични објави

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.
Се вчитува....