13.8 C
Скопје
10:02 - 15 мај, 2024

Кинеските вакцини против Ковид-19 достапни во ноември

Вакцините против новиот коронавирус што се развиваат во Кина би можеле да бидат достапни за јавност во ноември, изјави претставничка на кинескиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Кина има четири вакцини против Ковид-19 што се во завршна фаза на клиничко испитување, најмалку три од нив се понудени на најизложените служби.

– Третата фаза добро се одвива и вакцините би можеле да бидат готови за јавност во ноември и во декември, изјави експертката за биобезбедност во ЦДЦ, Гуижен Ву.

Таа додаде дека не почувствувала никакви абнормални симптоми во изминатите месеци откако примила експирементална вакцина во април, без да ја наведе вакцината.

Кинеската државна фармацевтска компанија „Синофарм” и „Синовак биотеч” развиваат три вакцини во рамките на државната програма, додека четвртата ја развива „КанСино биолоџикс”, чија употреба во кинеската армија беше одобрена во јуни. 

The post Кинеските вакцини против Ковид-19 достапни во ноември appeared first on Слободен печат.


Кинеските вакцини против Ковид-19 достапни во ноември was first posted on септември 15, 2020 at 9:13 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....