18.8 C
Скопје
21:21 - 7 мај, 2024

Изборен двобој во Тексас: Како државата на Републиканците стана одлучувачка и колку ќе плати Трамп за да ја задржи

Еве еден факт за американските избори: Тексас е „одлучувачка држава“, сојузна држава во која и двајцата претседателски кандидати имаат слично ниво на поддршка и држава во која ќе се „кршат копјата“.

Тоа го потврди дури и републиканскиот сенатор во Тексас Тед Круз минатата недела велејќи дека „овој пат во прашање е вистинска трка“.

Зошто таквиот статус на Тексас е зачудувачки и како „новата нормалност“ на американската политичка сцена го менува изборното поле?, објаснува Си Ен Ен во анализата.

Последниот демократ кој победи во Тексас беше Џим Картер во 1976 година и тоа покажува колку рамноправната трка за демократски кандидат е важна. Друга, и во пракса поважна причина за тоа е што Тексас има огромна популација и донесува голем број изборни гласови – во тоа е втор по големина со 38, зад калифорнските 55.

Поради тоа ова залче е огромно, а може да биде и вкусно.

Тоа го потврдува фактот дека Трамп на ТВ реклами веќе потрошил три милиони долари. Или е подобро да се рече само?

Рекламирањето во Тексас, во рамки на било каква изборна кампања е многу скапо. Тексас има 2 од 8 најголеми медиумски пазари во земјата (Далас е на четврто, а Хјустон на осмо место).

Во трката за Сенатот во 2018 година демократот Бето О’Рурк потроши дури 80 милиони долари, додека споменатиот Тед Круз потроши 46.

Круз победи, но сумата пари од 126 милиони долари потрошени на медиумско рекламирање е огромна. Во прашање е трка за Сенат. Колку пари ќе потрошат претседателските кандидати? 200 милиони? Повеќе?

За Трамп парите не се проблем, пишува Си Ен Ен, но сегашната ситуација би можела значително да влијае на распоредувањето на истиот.

Наместо некои 50 милиони долари да ги потроши на ширење на републиканското влијание, тој ќе мора да ги потроши во Тексас, за да ги задржи „црвените“ и 44 години подоцна.

 

The post Изборен двобој во Тексас: Како државата на Републиканците стана одлучувачка и колку ќе плати Трамп за да ја задржи appeared first on Слободен печат.


Изборен двобој во Тексас: Како државата на Републиканците стана одлучувачка и колку ќе плати Трамп за да ја задржи was first posted on јули 24, 2020 at 8:54 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....