10.8 C
Скопје
08:21 - 28 април, 2024

Ивановска: Сестрата на Катица Јанева доставила документи после 7 дена, а е без соодветно работно искуство

Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК, во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма, рече дека не добиле потврда или записник, било каков документ од владата за работата на комисијата за именување која има надлежност да го разгледува прашањето од областа на кадровската политика, во врска со сестрата на Катица Јанева, Лиле Делиџакова, која е вработена во Комисијата за хартии од вредност.

-Го разгледавме целиот избор на членовите на Комисијата. Не добивме записник или акт за работата на оваа комисија. Утврдивме дека не е направена административна контрола на документацијата затоа што владата донела одлука да го предложи лицето како членови во Комисијата за хартии од вредност, а после 7 дена таа ги доставила другите документи кои што недостигале во сетот. Како соопштение, стоело дека апликациите со нецелосни документи нема да бидат воопшто разгледани- изјави Ивановска.

Тие побарале од Државниот управен испекторат да изрши увид и во записникот стои дека сè е уредно напишано, освен во колоната прилог, каде што не пишува колку документи се поднесени, за да може да се дополнува, тука е целиот застој.

-Нејзиното претходно работно искуство било дека е работник во Царина за издавање на фактури, во трговска фирма, без соодветно искуство, а се бараше економски експерет- вели Ивановска.

Без потребна документација сестрата на Јанева избрана за член на Комисијата за хартии од вредност

The post Ивановска: Сестрата на Катица Јанева доставила документи после 7 дена, а е без соодветно работно искуство appeared first on Слободен печат.


Ивановска: Сестрата на Катица Јанева доставила документи после 7 дена, а е без соодветно работно искуство was first posted on јули 24, 2020 at 8:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....