17.8 C
Скопје
17:37 - 18 октомври, 2026

Нов скандал со пејачката Дуа Липа: Лесковац ја тужи поради претставување на ајварот како албански специјалитет! (ВИДЕО)

Британската пејачка Дуа Липа со албанско потекло повторно е главна тема. Таа на познатата Јутјуб емисија „Hot Ones“ зборуваше за албанска храна и во исто време го спомна и ајварот како нешто што секој мора да го проба. Проблемот настана кога продуцентите на емисијата во следниот кадар покажаа тегла со „Лесковачки ајвар“ додека зборува пејачката.

Поради таа причина од Лесковац и стугнувале тужби, пишуваат српските медиуми.

Фотографијата од „Лесковачкиот ајвар“, која била искористена е направена во просториите на Здружението „Лесковачки Ајвар“, кое веќе започна постапка во Управата за интелектуална сопственост за користење на нивната етикета со цел да се претстави српскиот бренд како албански национален производ.

„Ние можеме да реагираме емотивно затоа што славната поп-пејачка и порано даваше изјави во медиумите кои не им се допаѓаа на нашиот народ, но можеби ни таа самата не е виновна. Можно е грешката да ја направиле продуцентите, поради неинформираност. Но, ајвар е генеричко име за производот и никој не го има заштитено како национален, ниту ние, ниту Македонците, ниту Бугарите. Ние го брендиравме „Лесковачкиот ајвар“ како национален бренд. Тука настанува проблемот. Тие го украле и го претставиле како албански национален производ, па поради таа причина ќе треба да ги сносат последиците “, изјавил претседателот на здружението Стевица Мрковиќ за „Курир“.

„Што сакам од албанските специјалитети? Ајвар, пита со спанаќ“ …

Кога водителот ја прашал Липа кој е албанскиот специјалитет што секој треба да го проба, таа одговорила – „ајвар“!

„Тоа е мешавина од печени пиперки која е направена е во тегла, зачинета е, прекрасна е и оди со сè! Со јајца, со пита со спанаќ, што е уште еден албански специјалитет“, рече Дуа.

Ова видео стана вирално во Србија и веднаш се појавија коментари како пејачката „сака да го присвои и Лесковац“.

Слични објави

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо
Се вчитува....