12.8 C
Скопје
10:05 - 26 април, 2024

ИРИ: Заев ужива поголема доверба кај граѓаните од Мицкоски

Според истражувањето спроведено на регионално ниво од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), претседателот на СДСМ Зоран Заев ужива поголема доверба од граѓаните, наспроти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На прашањето на кој политичар или јавна личност најмногу му верувате, осум проценти од испитаниците во земјава одговориле „на Зоран Заев”, а втор на листата е Христијан Мицкоски со седум отсто.

Според истражувањето, поранешниот премиер Никола Груевски е на третото место со два отсто доверба кај граѓаните. Лидерот на ДУИ Али Ахмети и претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села уживаат исто ниво на доверба од два проценти.

Меѓу институциите, најголема доверба уживаат религиозните институции и Армијата. Во конкуренција на шефот на државата, премиерот и опозицијата, најдобро стои претседателот, а премиерската канцеларија и опозицијата имаат слична поддршка.

Истражувањето е спроведено во име на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ од Ипсос Босна и Херцеговина меѓу 2 февруари и 6 март 2020 година. Податоците се собрани преку интервјуа „лице в лице”.

The post ИРИ: Заев ужива поголема доверба кај граѓаните од Мицкоски appeared first on Слободен печат.


ИРИ: Заев ужива поголема доверба кај граѓаните од Мицкоски was first posted on јуни 5, 2020 at 3:23 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....