03:24 - 23 мај, 2026

После смртта на саканиот Курт Кобејн пејачката Кортни Лав потполно се промени: Дури и во шестата деценија трпи последици! (ФОТО)

Вдовицата на Курт Кобејн повеќе не личи на себе. Кортни Лав (55) била снимена за време на прошетка по лондонските улици во друштво на поранешниот стриптизер Алекс Хемслеј. Алекс е 24 години помлад од неа, а парот го поминал цел карантин заедно во Лондон. Тоа било прв пат Кортни да се појави во јавност откако откри дека е трезна 18 месеци, но и прв пат да биде забележана со момчето кое порано работело како стиптизер по ноќни клубови за да го исплати факултетот. Сепак, јавноста не била во шок поради нивната врска, туку фактот како нејзиното лице изгледа доста непрепознатливо. Тоа не е ни чудно бидејќи сепак се работи за жена која имала навистина бурен живот кој и оставил огромни лузни.

Таа се прослави како пејачка и актерка во раните 90-те години на гранџ сцената, но претходно работела и како проститутка и стриптизерка. Но, нејзните проблеми започнале уште од раното детство, па уште на 12 години завршила во поправен дом. Таквиот живот ја довел до години зависност од алкохол и тешки дроги, што нејзиното тело ги запамтило. Курт го нарекувала љубовта на својот живот, а до крајот на 1991 година биле најпознатиот пар на музичката сцена. Тие се венчале во февруари 1992 година на Хаваите, а во август истата година ја добиле ќеркичката Францес Бин Кобејн.

Иако наизглед животот на музичарите изгледал одличен, нивното секојдневие криело мрачна тајна. Двајцата биле тешки зависници од хероин, а пејачката не престанала да го употребува ниту за време на бременоста. Случајот го открил Венити Феир, а поради текстот социјалната служба одлучила да им ја одземе Францес и смести под старателството на нејзината сестра Џејми. Кортни подоцна токму тој текст во магазинот го обвинила за трагичната судбина на својот сопруг. Всушност, Курт во 1994 година извршил самоубиство пукајќи си во глава во нивната заедничка семејна куќа во Сиетл, додека Кортни била на одвикнување поради дрогата. После кремирањето на музичарот, Кортни дел од неговата пепел ја задржала во урна, а дел ставила во плишано мече кое го подарила на својата ќерка. Нејзината психичка состојба се влошила после тоа, но изгледа дека во шестата деценија одлучила да ја смири топката.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут ја покажа внатрешноста на својот луксузен автомобил – глетка каква што никој не очекуваше

Еспресо

(Видео) Сцена како од филм – дечкото на Дара Бубамара ѝ пееше на италијански за 50. роденден

Еспресо

(Видео) Маја Манџука раскажа како добила шлаканица од Драган Николиќ

Т.Ц.

(Видео) Цеца со внуците во посета на семејната куќа во Житораѓа – малиот Крстан ги разнежни сите

Еспресо

(Фото) Гламур под отворено небо – Во Villa Diva искусете поинаква димензија на вашата прослава

Еспресо

(Фото) Јелена Томашевиќ, скршена од смртта, јавно се прости: „Од мали нозе…“

Еспресо
Се вчитува....