17.8 C
Скопје
02:31 - 19 мај, 2024

Голем успех за германските научници: Стигнува лекот за коронавирусот заради кој вакцината може воопшто да не е потребна

Германските лекари постигнале голем успех во потрага за лек против коронавирус, бидејќи успеале да докажат постоење на антитела кои го спречуваат продорот на вирусот во клетките.

– Тоа е јасен напредок кој покажува дека се наоѓаме на правиот пат кон развој на лек против Ковид-19, објасни проф. д-р Лука Цицин-Саин кој го предводел истражувањето кое го спроведе Хелмолк центарот за истражување на инфекции во Брауншвајг.

Цицин-Саин и неговиот тим анализирале 6.000 различни вештачки направени човечки антитела.

При таа прилика тие пронашле 750 антитела кои се „закачуваат“ на коронавирусот, што е предуслов за успешна борба против него.

Сега тие ќе го тестираат ефектот на антителата, а целта на научниците е да пронајдат лек со кој тешко заболените пациенти од коронавирус ќе можат да бидат акутно излечени.

– Принципот на кој работиме е таканаречена пасивна имунизација, објаснува Штефан Дибел од Техничкиот универзитет во Браушвајг.

Потрагата за најдобар кандидат на антитела за понатамошен лек треба да продолжи до средина на јуни, рекол Томас Ширман од биотехнолошката компанија „Јумаб“, која е вклучена во овој проект.

Заклучокот на научниците е дека до есен првите пациенти со Ковид-19 би можеле да бидат лечени со нивниот лек.

СЛИКОВИТО ОБЈАСНЕТО: Како коронавирусот ги „киднапира“ клетките (ФОТО)

The post Голем успех за германските научници: Стигнува лекот за коронавирусот заради кој вакцината може воопшто да не е потребна appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....